Во просториите на Царинската управа, денес (09.11.2017 година) се одржа презентација инициранa од стопанските комори и поддржанa од повеќе профили на учесници (увозници, извозници, застапници во царински постапки и професори), на која презентиран беше патоказот по кој ќе се менуваат прописите во царинското работење во период од 5 години.

Пред присутните претставници на околу 120 економски оператори, презентирана беше визијата за Регионот CEFTA и неговото интегрирање во економска зона, која до 2023 година се очекува да се преобрази во мала унија, како неопходен чекор за да се обезбеди поголем и побрз напредок за регионот, со силна поддршка на Европската унија и Светска банка.

Во презентациите за регионалната економска зона CEFTA, концептот за регионален економски оператор, поедноставените постапки, транзитот и потеклото на стоки, најавено беше и преминување на концептот на регионален овластен економски оператор што ќе биде признаен во рамки на CEFTA, меѓусебно прифаќање на прекуграничните документи, спојување на граничните агенции и заедничко управување со ризик, скратување на постапките и размена на информации, воведување на целосна кумулација на потекло во рамки на CEFTA, мониторирање на нецаринските бариери, дигитална интеграција (воведување на нов компјутерски софтвер со електронско потпишување на документи), промовирање на регионалните инвестиции, слободно движење на професионалци (меѓусебно признавање на дипломи).

Се потенцираше и потребата компаниите навремено да ги направат прилагодувањата за да опстанат во конкурентската борба и да се наметнат како успешни на регионално ниво. Во оваа насока и Царинската управа преку нов тек на изработка на стратешки план ќе дефинира јасни цели за справување со новите предизвици. Веќе се иницирани неформални состаноци со директорите од земјите на регионот CEFTA, од кои првиот ќе се одржи во Македонија.

Директорот на Царинската управа во своето обраќање пред присутните уште еднаш ја потврди спремноста на Царинската управа секогаш да ги поддржи компаниите во нивните нови развојни движења преку советување и информирање.

 

20171109_111446
20171109_111446
20171109_111518
20171109_111518
Previous Next Play Pause
1 2