Во текот на минатата недела се откриени неколку обиди за криумчарење на разна стока,  при што привремено се задржани девизи, спортски пушки, кожни ремени, делови за камиони, цигари и фалсификати.

Задржана е следната стока:

Девизи

- 16.080 британски фунти, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Во кабината на возилото, во фрижидер, била пронајдена кеса со 25.000 британски фунти. Согласно законските прописи, на возачот му биле вратени 8.920 британски фунти, противвредност на 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а за сторениот девизен прекршок е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

- 1.653 парчиња облека (тренерки, јакни, блузи, кошули, фармерки, хеланки, пижами и друго), 118 паричници и 23 женски чанти со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во два одвоени случаи, при контрола на стока со потекло од Турција, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 1.

Во првиот случај при контрола на стока наменета за увозник од Тетово, биле пронајдени  1.032 парчиња облека (тренерки, блузи, кошули, фармерки, хеланки, пижами и друго) и 20 женски ташни со ознаки на заштитени трговски марки, додека во вториот случај, при контрола на стока наменета за увозник од Струмица, биле пронајдени 621 парчиња облека (блузи, детски комплети, фармерки и јакни), 118 паричници и 3 женски чанти со ознаки на заштитени трговски марки.

Во двата случаи, поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе бидат поведени постапки за утврдување на нивната оригиналност.

Спортско оружје

- 3 парчиња спортски пушки, реплики на Smith&Wesson, H&K и A&K, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автобус, кој сообраќал на редовна линија Италија – Македонија, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Пушките биле пронајдени во картонска кутија сместена во долниот дел на тоалетот на автобусот, за која возачот, македонски државјанин, изјавил дека ја примил како кутија со користена облека. Пушките се привремено задржани а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Цигари

- 16 штеки цигари без акцизни маркички, откриени при контрола на македонски автобус, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Цигарите биле пронајдени во две најлонски кеси и два ранци сместени во делот за рачен багаж што се наоѓа над седиштата, и на едно од задните седишта на автобусот.  Непријавените цигари се привремено задржани, а против сопственикот, македонски државјанин кој патувал со автобусот,  ќе биде поведена прекршочна постапка.

Останато

- 144  парчиња кожни ремени, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од  македонски  државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените ремени, пронајдени во неколку кеси, сместени во багажникот и во просторот меѓу предните и задните седиште, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

- 2 камионски турбини, откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Јажинце. Непријавените турбини, пронајдени во кабината, позади совозачкото седиште, се привремено задржани, а против возачот е поднесена прекршочна пријава.

Devizi,mobilna
Devizi,mobilna
Remeni,Bogorodica
Remeni,Bogorodica
Sportskipuski,mobilna
Sportskipuski,mobilna
Turbini,Jazince
Turbini,Jazince
Previous Next Play Pause
1 2 3 4