Директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски денес (04.10.2017година), во просториите на Царинската управа одржа работна средба со амбасадорката на Кралството Мароко за Македонија со седиште во Софија  Н.Е. Закиа Ел Мидаоуи. 

Двете земји се  дел од ПЕМ конвенцијата (Пан-евро-медитеранскиот систем на кумулација на потекло кој ги вклучува земјите членки на Европска Унија и земјите членки на ЕФТА). Во рамки на оваа Конвенција, преку идентични правила за потекло се овозможува дијагонална кумулација меѓу земјите потписнички.

Дирекотрот на царинската управа и амбасадорката на Мароко  изразија подготвеност за зајакнување на  соработката за царинските прашања и постојана взаемна комуникација на сите нивоа.

sredba maroko 04.10.2017
sredba maroko 04.10.2017
Previous Next Play Pause
1