Директорот на Царинската управа м-р Ѓоко Танасоски учествуваше на работниот состанок што се одржа во понеделникот (11.9.2017 година) со претставниците на Групацијата на преработувачи на месо и производство на преработки од месо, во просториите на Стопанската комора на Македонија. 

Состанокот беше свикан како резултат на согледаната потреба да се зголеми конкурентноста на домашните компании кои вршат преработка на месо, што понатаму би резултирало во поголемо користење на производствените капацитети на домашните компании од оваа индустрија.

Со уважување на потребите на домашните компании кои произведуваат преработки од месо и кои бараат еднакви услови на производство во делот на суровината, односно изземање на увозните давачки при увоз на суровината, постигнато е компромисно решение и изготвена е Предлог одлука за укинување на прелевманот и царината при увоз на замрзнато свинско месо за преработка.  

20170911 100027 copy