Директорката на Царинската управа на Република Македонија присуствуваше на 129-та/130-та едница на Советот за царинска соработка во рамки на Светска царинска организација (СЦО), што се одржа од 6 до 8 јули 2017 година во Брисел, Белгија. 

 

 

Годинава Светската царинска организација одбележа 65 години од своето постоење. Во своето обраќање по овој повод Генералниот секретар на СЦО г-дин Кунио Микурија истакна дека од 17 земји членки кои присуствувале на инаугуративната седница во 1953 година, СЦО прерасна во организација со над 180 земји членки во 2017 година, со што стана глобален центар за експертиза на царината и важен фактор во меѓународната трговија.

На седницата се дискутираше за стратешките цели на Организацијата, и тоа: промовирање на сигурност и олеснување на меѓународната трговија, вклучувајќи поедноставување и хармонизација на царинските постапки, промовирање на фер, ефикасно и ефективно собирање на јавните приходи, заштита на општеството, здравјето и животот на луѓето, придонес во борбата против криминалот и тероризмот, промоција на дигиталната царина, особено за подршка на координираното управување со границите, зајакнување на капацитетите на царинските администрации, унапредување на соработката на царинските со даночните и другите владини институции, како и соработката со билатерални и интернационали институции.

Во знак на одбележување на десетгодишнина од пристапувањето на ЕУ во СЦО, обраќање имаше г-дин Пјер Москович, комесар за економски и финансиски прашања, даноци и царина на Европската унија. Комесарот на ЕУ говореше за иднината на царинската унија, со посебен акцент на е-трговијата, Царинскиот закон на унијата, дигиталната царина и безбедноста, вклучувајќи ги тековните и идните иницијативи за борба против тероризмот, како и состојбата во однос на Договорот за олеснување на трговијата на СТО.

За време на Седницата, за нов претседавач со Советот за царинска соработка беше избран г-дин Енрике Канон, генералниот директор на уругвајската царина, а Генералниот секретар на СЦО потпиша Меморандуми за соработка: со царината на Мексико за основање на Регионална царинска лабораторија на СЦО во Мексико, со турската царина за основање на Регионален центар за обука на кучиња на СЦО во Анкара и со царината на САД за основање на Регионален центар за обука на кучиња на СЦО во САД. Делегатите од Буркина Фасо го депонираа својот инструмент за пристапување кон Ревидирана Кјото конвенција - глобален стандард на СЦО за модернизација на царината, кој е меѓународно признат како клучна алатка за олеснување на трговијата, со што станаа 111-та Договорна страна на оваа Конвенција.

Исто така, на седницата на Советот за царинска соработка се дебатираше околу начинот на пристапување на нови членки во СЦО и беше контстаирана потреба од продолжување на дискисијата по ова прашање на дополнителна седница на Советот во декември 2017 година, на која ќе се избира и заменик генерален секретар на СЦО.

На маргините на седницата на Советот, во согласност со Договорот на Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка и взаемна помош по царински прашања, директорката на Царинската управа на Република Македонија и првиот заменик директор на Федералната царинска служба на Руската Федерација, потпишаа Протокол за размена на документи и информации поврзани со царинска вредност на стока и Работен план за негова реализација.

Целта на Протоколот е да се обезбеди ефективна контрола при пријавување на царинската вредност на стоката што се разменува помеѓу двете земји, со што се намалува ризикот од измами, шверц, корупција, односно затајување на царински давачки, даноци и други надоместоци, а се олеснува легалната трговија меѓу двете земји.

WCO 2
WCO 2
WCO 3
WCO 3
Previous Next Play Pause
1 2