Во текот на минатите две седмици, царинските службеници открија една царинска измама и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани златен накит, девизи, техничка стока, цигари, тутун, делови за централно греење, производи за лична хигиена,кармини и фалсификати.

Задржана е следната стока:

Златен накит и девизи

- 102 грама златен накит и 7.500 американски долари, откриени во два одвоени случаи на скопскиот аеродром Александар Велики.

Во првиот случај, при контрола на куферот на државјанин на Обединетите Арапски Емирати, кој допатувал со лет од Истанбул, биле пронајдени 13 парчиња златен накит (синџирчиња, прстени, обетки, ѓердан и нараквица) со скапоцени камења. Златниот накит е привремено задржан, а против патникот е поведена прекршочна постапка.

Во вториот случај, при личен претрес на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Лондон, во џеб од неговата кошула биле пронајдени 10.000 американски долари за кои не поседувал валиден документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.500 долари, противвредност на 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а 7.500 американски долари се привремено задржани. Против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Цигари и тутун

- 64 штеки цигари од марките LD BLUE 100S, LD RED 100S и MONTE CARLO со македонски акцизни маркички и 14,25 kg режан тутун спакуван во 15 кутии, откриени при детална контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавени за излез од државата на граничниот премин Дојран. Непријавените цигари и тутун, пронајдени на задните седишта од возилото, во две патнички торби сместени во багажниот простор и во кутии сместени под тапацирот во просторот наменет за резервната гума на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Средства за лична хигиена и кармини

- 580 парчиња шампони, 2.000 парчиња сапуни и 5.000 парчиња траки со ознака за дезинфекција, откриени при контрола на автомобил со косовски регистарски ознаки, управуван од косовски државјанин, кој бил придружуван од двајца сопатници, исто така македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавените производи, пронајдени во багажниот простор на возилото, се привремено задржани, а против еден од сопатниците, кој бил турски државјанин, е поведена прекршочна постапка.

- 84 кармини за усни, од марките Kylie lipstick и Hudabeauty liquid mate, откриени при контрола на македонски автомобил, со кој за влез во државата, на граничниот премин Јажинце, се пријавиле двајца македонски државјани. Непријавените производи, пронајдени во преграда под совозачкото седиште и под задното седиште на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Техничка стока

- 37 парчиња мултифункционални домашни безбедносни системи марка BLACK FORTRESS, откриени при контрола на две товарни моторни возила со турски регистарски ознаки, управувани од турски државјани, пријавени како празни за излез од државата на граничниот премин Дојран. Непријавените безбедносни системи, пронајдени пред совозачкото седиште во возачката кабина, се привремено задржани, а против двајцата возачи ќе бидат поведени соодветни постапки.

- 2 употребувани телевизори од марките PANASONIC и PHILIPS, откриени при контрола на товарно моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавено како празно за влез од државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените телевизори, пронајдени завиткани во најлонска фолија на горниот кревет во возачката кабина, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.

Делови за парно греење

- 57 парчиња делови за централно парно греење (вентили, регулатори и терминални контролери), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автобус со македонски регистарски ознаки, кој сообраќал на релација Германија – Македонија, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените делови за парно греење, пронајдени во 2 картонски кутии, сопственост на македонски државјанин, кој бил патник во автобусот, се привремено задржани, а против патникот ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

- 1 мобилен телефон и 1 рачен часовник со ознаки на познати трговски марки, откриени во царинската испостава Пошта Скопје, при контрола на 2 пратки, од кои пратката со мобилниот телефон била од Сингапур, а наменета за физичко лице од Скопје, додека пратката со рачниот часовник била од Хонг Конг, а наменета за физичко лице од Струмица.

- 2.480 приврзоци за клучеви и 1.000 освежувачи за автомобили, со ознаки на познати трговски марки, откриени на царинската испостава Аеродром Скопје – отсек за стоково царинење, при контрола на пратка испратена од Кина, наменета за увозник – правно лице од Косово.

Царинска измама

Во царинска испостава Гевгелија е откриен обид за избегнување на плаќање увозни давачки со погрешно декларирање на потекло на стока. Увозник од Скопје, со една царинска декларација, пријавил за увозно царинење стока со трговско име лекови за хумана медицина по фактура, при што приложил уверение ЕУР1, како доказ за преференцијално потекло на стоката, со цел царинење со стапка за царински давачки од 0%. При извршениот детален преглед на стоката, царинските службеници на амбалажата на производот забележале ознака за потекло “made in USA”. Од причини што истото потекло било наведено и на дозволата за увоз издадена од Агенцијата за лекови и медицински средства, доказот за потекло бил одбиен како неприменлив, без дополнителна верификација. Врз основа на новоутврдената состојба, царинската испостава Гевгелија изготви записник за потекло, изврши пресметка на дополнителни увозни давачки во износ од околу 21 илјади денари и поведе прекршочна постапка со мандатна казна против фирмата увозник.

 

Cigariitutun,4031, 1
Cigariitutun,4031, 1
Cigariitutun,4031, 2
Cigariitutun,4031, 2
Delovizaparno greenje,mob
Delovizaparno greenje,mob
Devizi,AerodromSK
Devizi,AerodromSK
Domasenbezbednosensistem,Dojran
Domasenbezbednosensistem,Dojran
Igracki,DeveBair
Igracki,DeveBair
KarminiJazince
KarminiJazince
Sapuniisamponi,1071
Sapuniisamponi,1071
TelevizoriDeveBair
TelevizoriDeveBair
ZlatennakitAerodromSK
ZlatennakitAerodromSK
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10