Царинската управа на Република Македонија организира претходна обука за полагање на стручен испит за лиценциран застапник во периодот од 19.5-1.6.2017 година. Обуките ќе се одржат во Скопје, во Централната управа (стар објект) на 19, 26 и 30 мај и 1 јуни 2017 година со почеток од 10,00 часот.

Сите заинтересирани ги информираме дека надоместокот за посета на претходна обука и за полагање на стручниот испит во висина од 16.000 денари се уплаќа на трансакциска сметка 100000000063095, сметка на корисник 0900 300 175 787 14 и приходна шифра и програма 725 939 20 и истата во оригинал се приложува при доаѓање на обука.

Царинската управа дополнително ќе објави јавен повик за одржување на стручен испит за лиценциран застапник кој ќе се одржи на 7 јуни 2017 година првиот дел (теоретски), а вториот дел (студија на случај) на 23 јуни 2017. Во тој повик ќе бидат нотирани сите потребни документи што треба да се достават кон Пријавата за полагање на стручен испит за вршење на застапување.

Важна напомена:

Согласно член 13 од Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, стручен испит за лиценциран застапник може да полага лице кое:

  • има завршено најмалку средно образование;
  • има најмалку една година работно искуство во областа на царинското работење;
  • да поседува меѓународен признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори или уверение од меѓународна институција на А1 ниво на ЦЕФР(CEFR), односно БУЛАТС или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода;
  • има уверение за посетена претходна обука за лиценциран застапник.

Поради оправдани причини можна е измена на распоредот на одржување на обуките, за што благовремено ќе бидете известени.

Список на досега пристигнати пријави за посета на претходна обука:

СПИСОК НА ПРИЈАВЕНИ КАНДИДАТИ ЗА ПОСЕТУВАЊЕ НА ПРЕТХОДНА ОБУКА
Р.бр.ИмеПрезимеМесто на живеење

1

Сашо

Стојановски

Сопиште, Скопје

2

Мартин

Давчевски

Аеродром, Скопје

3

Сашко

Климкаров

Велес

4

Борис

Наневски

Илинден, Скопје

5

Арсенија

Максимова

Кочани

6

Никола

Глигоровски

Скопје

7

Трајче

Трајков

Кавадарци

8

Јане

Неделковски

Карпош, Скопје

9

Јетон

Мехмети

Куманово

10

Огнен

Милковски

Куманово

11

Енис

Сулејмани

Скопје

12

Игор

Пешовски

Крива Паланка

13

Давид

Крстевски

Куманово

14

Мартин

Ангеловски

Куманово

15

Живка

Џајковска

Охрид

16

Миодраг

Петровски

Куманово

17

Мирослав

Кузмановиќ

Куманово

18

Радмила

Крстевска

Крива Паланка

19

Доне

Коцев

Штип