Во текот на минатите две седмици, царинските службеници открија една измама, еден обид за криумчарење семки од марихуана и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани готови пари, возило со бункер, автоделови, електронска опрема за снимање, опрема за анализа на дигитална телевизија, звучници, тонери, дрвени марионети и фалсификати. 

Задржани се следните производи:

Девизи

- 23.000 евра, откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на тројца македонски државјани, кои со македонски автомобил се пријавиле за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Во џебовите од јакните на двајца од патниците биле пронајдени по 9.900 евра, а во рачна ташничка на третиот патник биле пронајдени 9.200 евра. Согласно законските прописи, на патниците им биле вратени по 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а привремено биле задржани по 7.900 евра од двајца патници и 7.200 евра од третиот патник. Против патниците се поднесени барања за поведување прекршочни постапки.

Devizimobilna

- 3.700 евра, откриени при личен претрес на грчки државјанин, кој како пешак се пријавил за влез во државата, на граничниот премин Богородица. Патникот пријавил дека носи 10.000 евра, но во џебовите од неговите панталони биле пронајдени 13.700 евра. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а за сторениот прекршок е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

DeviziBogorodica copy

 Возило со бункер и автоделови

- 1 патничко возило марка DAIMLER CHRYSLER 320S, со специјално конструиран бункер, откриено од страна на мобилните царински тимови. На 07.03.2017 година, во вечерните часови, на граничниот премин Деве Баир, за излез од државата се пријавил албански автомобил, управуван од албански државјанин, кој бил селектиран за преглед, при што искористено било и царинско куче. При прегледот биле забележани свежи траги од преправки кај праговите на возилото, по што биле отстранети пластичните поткрила од задните тркала и бојата и китот од свежо преправениот дел, со што биле откриени плочки зацврстени со штрафови за  шасијата. Со отстранување на плочките биле откриени бункери  по целата должина на левиот и десниот праг на возилото, што може да се користат за криумчарење разна стока.

Vozilosobunkermobilna copy copy copy

Во бункерите биле пронајдени шпакла за китирање, кит, зацврстувач за кит и еден каиш. 

Патничкото моторно возило е привремено задржано, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

- 11 употребувани компресори за клима уреди за автомобили, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на  британски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените делови, пронајдени меѓу седиштата и во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Avtodelovimobilna

 Техничка стока

- 1 комплет електронска опрема за снимање, со вредност од околу 2,5 милиони денари, откриена од страна на мобилните царински тимови, при контрола на германски автомобил управуван од германски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Опремата, која била поврзана и инсталирана во багажникот на возилото, е привремено задржана, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка. 

Opremazasnimanjemobilna

- 4 апарати за анализа на дигитална телевизија (Rohde&Schawarz ZNB4 vector network analyzer , ANRITSU MS2034 network analyzer  и RFS Cablewave ), од кои 3 употребувани и 1 нов, и 300 пара ракавици, откриени при контрола на романско товарно возило, управувано од романски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Три апарати и ракавиците биле пронајдени во товарниот дел од возилото, покриени со алпинистичка опрема, а 1 апарат бил пронајден во кабината на возилото, под совозачкото седиште. Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

OpremazadigitalnaTVMedzitlija

- 8 звучни кутии Ibiza Sound и 6 сталаци за звучни кутии, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, покриени со лични работи на патниците, се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.

Zvucnicistalacinaslovna

 Останато

- 23 тонери за печатари и 100 дрвени марионети, откриени во два одвоени случаи, при контрола на два македонски камиони, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. 

DrvenimarionetiTabanovce

Во првиот случај во просторот за палети на камионот биле пронајдени 23 тонери за печатари марка ХЕRОХ, а во вториот случај, во две пластични кеси сместени во надворешна преграда на возилото наменета за алат, биле пронајдени 100 дрвени марионети.

ToneriTabanovce

Непријавените производи се привремено задржани, а против возачите се поведени прекршочни постапки.

Семки од марихуана

- 24 семки од марихуана, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при личен претрес на шведски државјанин со македонско потекло, кој допатувал со лет од Стокхолм. При детална контрола на багажот на патникот биле пронајдени празни опаковки од семки од марихуана, што било причина да се изврши и личен претрес на патникот. Притоа во џебовите од неговите панталони биле пронајдени семките од марихуана, кои се привремено задржани, а против патникот ќе биде поднесена кривична пријава.

SemkicannabisaerodromSK

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

- 1.524 пара женски и детски спортски обувки, со ознаки на заштитена трговска марка, откриени при контрола на македонски камион, натоварен со стока од Кина, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Пазарната вредност на сомнителните производи е проценета на околу 2,5 милиони денари, доколку би се продавале како оригинални.

Поради сомневање дека се работи за фалсификати на заштитена трговска марка, производите се привремено задржани, и согласно законските прописи е поведена постапка за утврдување на оригиналноста на истите. 

Измама

Во царинска испостава Кавадарци е откриен обид за избегнување плаќање на увозни давачки со погрешно декларирање на потекло на стока.

Увозник од Неготино пријавил за увозно царинење електро материјал, клешти за сечење и лупење и електричен за алат, од испраќач од Грција,  при што приложил ЕУР1 како доказ за европско потекло на стоката, со цел царинење со повластена стапка за царински давачки од 0%.  При физички преглед на стоката, царинските службеници се посомневале во правилното декларирање на потеклото, поради што докуметот за движење ЕУР1 бил испратен на проверка. Согласно добиениот одговор, дел од производите не ги исполнувале условите за стекнување преференцијално потекло, поради што се пресметани дополнителни увозни давачки во износ од околу 36 илјади денари, а на увозникот му е изречена мандатна казна за сторениот прекршок.