Ве информираме дека e завршена интервенцијата за миграција на EXIM системот на нова хардверска платформа и истиот е повторно во примена.

Во прилог Ви го доставуваме Известувањето за ПРЕКИН НА ПРИМЕНА на хартиени документи поради технички проблеми поврзани со EXIM, број 24 - 078860/19 – 0002.

Ви благодариме на разбирањето.

 

Известување за прекин на хартиена процедура

Ве информираме дека e завршена интервенцијата за миграција на EXIM системот на нова хардверска платформа и истиот е повторно во примена, а со тоа престанува и примената на хартиена постапка во EXIM.

Заради тоа ви даваме насоки за постапување со дозволите издадени во хартиена форма (во резервна постапка) од другите институции корисници на  EXIM.

Декларациите кон кои се приложени дозволи, лиценци или одобренија издадени во хартиена форма да бидат обработени, односно доведени до статус „Увезено“ или „Пуштено за извоз“ до 12 часот на 01.11.2019 година.

Декларации кон кои се приложени дозволи издадени во електронска форма во EXIM да не се поднесуваат до 01.11.2019 година до 12 часот.

По 12 часот на 01.11.2019 година, декларантите можат да поднесуваат декларации кон кои се приложени дозволи, лиценци или одоренија издадени во електронска форма.

Доколку декларантот поседува лиценца издадена во хартиена форма, а за истата не поднел декларација, истата не може да ја користи и треба да биде издадена во електронска форма пред поднесување на декларацијата.


Ве информираме дека поради подолг прекин на електрична енергија во Царинската управа, предизвикан е хардверски дефект на EXIM системот и истиот е недостапен. Во моментов се работи на миграција на системот на нов хардвер.

Согласно Уредбата за воспоставувањето и начинот на користење на информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при увоз, извоз и транзит на стоки се пристапува кон Правилата за примена на алтернативна хартиена процедура во случај на технички проблеми поврзани со EXIM.

Во прилог Ви го доставуваме Известувањето за ПРИМЕНА на хартиени документи поради технички проблеми поврзани со EXIM, број 24 - 078860/19 – 0001.

По надминување на проблемот ќе бидете известени за прекин на алтернативната хартиена процедура.

Ви благодариме на разбирањето.

 

 

Упатство за примена на хартиени документи во случај на технички проблем во EXIM

Царинската управа на Република Северна Македонија информира дека патничкиот сообраќај на граничниот премин Златарево/ Ново село е повторно во функција, после неколку часовниот прекин настанат поради пожар на граничниот премин Златарево - Република Бугарија.

Царинската управа на Република Северна Македонија информира дека поради пожар на граничниот премин Златарево - Република Бугарија, дојде до застој и прекин како на товарниот, така и на патничкиот сообраќај на граничниот премин Ново Село/Златарево. Поради настанатата ситуација, на овој граничен премин не се пропуштаат патнички и товарни моторни возила.

Ги информираме превозниците дека поради католички Велигден, најавена е 24 часовна забрана за транзит низ Република Унгарија почнувајќи од четврток (18 април 2019 година) од 22 часот  до петок (19 април 2019 година) до 22 часот. Потоа, транзитот ќе биде дозволен 24 часа, по што ќе следи уште една забрана за транзит во период од 20 до 22 април 2019 година.

  

 

Согласно официјална најава од ЕВН Македонија, Ве известувам дека на 19.10.2018 година (петок) на царинска испостава Дојран и царинска испостава Гевгелија, во период од 07:00 до 17:00 часот, како  и на  21.10.2018 година (недела) на царинска испостава Дојран во период од 07:00 до 17.00 часот, ќе има прекин на електрична енергија. 

Ве известуваме дека Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти - EXIM, е ставен повторно во функција. Работата на истиот беше во прекин поради технички причини.

Ви благодариме на разбирањето.

  

  

Ве известуваме дека поради технички причини, во прекин е работата на EXIM системот. По надминување на состојбата ќе бидете информирани.

Благодариме на разбирањето.

Ве известуваме дека техничкиот проблем со функционирањето на серверот на системот ASYCUDA кој овозможува електронско поднесување на царински декларации  на царинската испостава Скопје 3 (1013) е надминат.

Ви благодариме за разбирањето