По најава од страна на косовската Царина,

Ве информираме дека EXIM системот денес од 17.30, по надминување на техничките проблеми, повторно е ставен во функција.

Благодариме на разбирањето

Ве информираме дека заради технички проблем работењето на EXIM системот денес 06.02.02018 од 10:00 е во прекин.

Екипа на Царинската управа работи на отстранување на проблемот и по неговото надминување ќе бидете информирани.

 

Благодариме на разбирањето

 

 

Се известуваат царинските обврзници кои царинските процедури ги спроведуваат на ЦИ Аеродром Скопје дека на ден 17.01.2018 година, од 16:30 часот па сè до 19:00 часот, како и на ден 18.01.2018 година, од 15:00 часот па сè до 19:00 часот, нема да бидат во можност да вршат откуп на товарни листови, подигнување на оцаринета стока и други карго операции, заради спроведување на дополнителни мерки на надзор и безбедност, поради посета на висока делегација.

Со цел да се избегнат подолги задржувања на граничните премини и да се обезбеди брз и безбеден проток на патници и стока, информираме дека политичката партија ВМРО – ДПМНЕ  најави дека во период од 19-24.12.2017 година  ќе врши блокирање на граничните премини и тоа:

  • ГП Табановце во вторник 19.12.2017 година од 17 до 18 часот
  • ГП Богородица во среда 20.12.2017 од 16 до 18 часот
  • ГП Ќафасан во четврток 21.12.2017 година од 17 до 18 часот
  • ГП Деве Баир во петок 22.12.2017 година од 17 до 18 часот
  • ГП Богородица во недела 24.12.2017 година од 16 до 18 часот

Ве информираме дека од страна на грчката царинска служба најавен е штрајк на грчките царински служби. Според најавите, на граничните премини  кон Република Грција во период 9.11.2017 до 10.11. 2017 година (од 5 до 5 часот наутро на ГП Ники/Меџитлија и од 5 до 24 часот на 9.11.2017 година на ГП Евзони/Богородица и ГП Дојрани/Дојран) од грчка страна нема да бидат пропуштани товарни и патнички моторни возила, освен итни случаи, а пешаците слободно ќе можат да се движат.

Ве информираме дека по еднодневниот штрајк на грчките цариници, денес (20.10.2017 година) е нормализиран сообраќајот кон Република Грција. Сообраќајот се одвива нормално  на граничните премини Богородица, Стар Дојран и Меџитлија.

По најава од страна на грчката царинска служба, Ве информираме дека на ден 19.10.2017, во интервал од 05:00 до 23:00 часот, започнува штрајк на грчките царински службеници.

Според најавите, на граничните премини од грчка страна нема да бидат пропуштани товарни и патнички моторни возила, освен итни случаи, а пешаците слободно ќе можат да се движат.

Ве информираме дека е нормализиран товарниот железнички сообраќај од и кон Република Грција, што беше во прекин од 07.09.2017 година.

Поради пожар на територија на Република Грција од кој се зафатени и железничките пруги од 07.09.2017 година во целосен прекин e железничкиот сообраќај од и кон Република Грција.Прекинот според најавите од грчки железници ќе трае неколку дена.