Со цел разменување на информации во насока на подобра примена на царинските прописи, како и унапредување на соработка во спроведувањето на царинската постапка, Царинската управа ги поканува сите учесници во царинските постапки и претставниците на деловната заедница на работна средба која ќе ја води директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски. Средбата ќе се одржи на 14 септември 2017 година во 11,00 часот во амфитеатарот на Царинската управа, на ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, Скопје.

Царинската управа ги замолува заинтересираните учесници своето присуство да го потврдат најдоцна до 13 септември до 16,00 часот на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. 02 3 29 39 27 и 02 3 29 39 23.