Скопје, 25.04.2017 г

 Царинската управа на Република Македонија на 24.04.2017 година зеде активно учество во јавната кампања за подигнување на свеста за штетните последици од фалсификуваните производи,што се одржа во просториите на ТЦ РАМСТОР во Скопје во рамките на Твининг проектот „Зајакнување на правата од интелектуална сопственост“ имплементиран од „Данската канцеларија за патенти и трговски марки“.

Еден од главните приоритети на Царинската управа на Република Македонија е унапредување на институционалниот и административен капацитет за ефикасна и ефективна борба против фалсификатите и пиратеријата, преку воведување на зајакнати мерки на царинска контрола за откривање и спречување на увоз, транзит и извоз на стоки што го повредуваат правото од интелектуална сопственост, како и зголемена соработка со носителите на ова право и нивните застапници во Република Македонија од една страна со сите надлежни институции во земјата и странство од друга страна. Оваа кампања беше фокусирана во заштита на корисниците од купувањето на фалсификуваните производи. Имено фалсификуваните производи преставуваат огромен ризик за здравјето на луѓето, додека светската економија бележи огромни загуби поради дејствија поврзани со производството и пуштањето во оптек на фалсификуваните производи.

На настанот присуствуваа и експертите од ЕУ, соработници на Твининг проектот, претставници од Државниот завод за индустриска сопственост и останати релевантни институции.

На самиот влез на ТЦ Рамстор беа поставени банери од кампањата, а на штандот и од страна на царинските службеници беа презентирани примероци од фалсификувани производи и поделени брошури на граѓаните односно потрошувачите. Посетителите покажаа голем интерес за запознавање со проблемот со присуство на фалсификувани производи на пазарот.

20170424110758
20170424110758
20170424113949
20170424113949
20170424110330
20170424110330
Previous Next Play Pause
1 2 3