Почитувани кандидати,

Царинската управа јавно ве повикува и ве известува дека на ден 21.11.2018 година со почеток во 15:00 часот, во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б, ќе се спроведе полагање на стручен испит - прв дел (теоретски) со кој ќе се проверува теоретското знаење и стручната оспособеност на лиценцирани застапници, заради самостојна примена на царинските прописи во пракса. 

Врз основа на член 50 став 2 од Царинскиот закон („Сл. весник на РМ“ бр. 39/05, 04/08, 48/10, 158/10, 44/11, 53/11, 11/12, 171/12, 187/13, 15/15, 129/15, 154/15, 192/15, 23/16), член 94 став 2 и член 148 од уредбата за спроведување на Царинскиот закон („Сл. весник на РМ“ бр. 66/05, 73/06, 40/07, 62/07, 42/09, 48/09, 38/10, 46/10, 61/10, 141/11, 147/11, 158/11, 14/12, 2/13, 92/13, 11/15, 215/15,192/16,21/17 и 181/17) и точка 8 од Упатството на Царинската управа за минималните услови и начинот на определеување на работниот простор каде стоката на товарни моторни возила се става на увид и се врши преглед од страна на царинските органи бр. 01-013669/15 од 10.03.2015 година   

Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18) в.в. со член 14, член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/2014, 199/2014, 27/2016 и 35/2018), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 04-065421/15-0012 од 21.06.2016 година и 01-065421/15-0035 од 09.07.2018 година, Правилникот за систематизација на работните места во Царинската управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 01-065421/15-0007 од 25.02.2016 година и број 01-065421/15-0013 од 21.06.2016 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-12226/12 од 12.10.2018 година, Царинската управа објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 3 /2018

за вработување на 58 (педесетиосум ) извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на тековна фискална година (2018)

Почитувани,

 

Ве известуваме дека претходната обука за полагање на стручен испит за лиценциран застапник ќе се одржи во Скопје, во Централната управа (стар објект – ул. Лазар Личеноски бр. 13) на 2, 4, 9 и 16 октомври 2018 година со почеток  од  12,00 часот.

Почитувани,

Царинската управа на Република Македонија организира и спроведува претходна обука за лиценциран застапник. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат „Пријава за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит“ и соодветно платен надоместок до 26.09.2018 година. Времето и местото за одржување на претходната обука дополнително ќе бидат објавени на веб страницата на Царинската управа.

Во период на летни одмори и зголемена фреквенција на граничните премини, со цел избегнување на подолги задржувања на патници и стока, потсетуваме на можноста за 24 часовен слободен коридор за приоритетно движење на жива стока и стока во свежа состојба на граничните премини Табановце и Богородица.

Ги информираме пријавените кандидати за полагање на стручен испит за лиценциран застапник дека полагањето на стручниот испит за лиценциран застапник втор дел (Студија на случај) ќе се одржи на 09.01.2018 година во 11.00 часот во просториите на Правен факултет Јустинијан Први Скопје на булевар Гоце Делчев бр.9б Скопје.

Почитувани корисници,

Податоците за царинската тарифа за Системот за обработка на декларации за 2018 година, можете да ги преземете во делот Репликациски фајлови за Asycuda.

Врз основа на член 50 став 2 од Царинскиот закон („Сл. весник на РМ“ бр. 39/05, 04/08, 48/10, 158/10, 44/11, 53/11, 11/12, 171/12, 187/13, 15/15, 129/15, 154/15, 192/15, 23/16), член 148 од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон („Сл. весник на РМ“ бр. 66/05, 73/06, 40/07, 62/07, 42/09, 48/09, 38/10, 46/10, 61/10, 141/11, 147/11, 158/11, 14/12, 2/13, 92/13, 177/13, 62/15, 111/15, 215/15, 192/16, 21/17) и точка 8 од Упатството на Царинската управа за минималните услови и начинот на определување на работниот простор каде стоката на товарни моторни возила се става на увид и се врши преглед од страна на царинските органи бр. 01-013669/15 од 10.03.2015 година,

Врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и со ствари во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15, 153/15 и 190/16), Одлуката за давање на согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, на отпад на Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.142/16)