Почитувани,

Согласно препораката на Владата на Република Северна Македонија за неодржување на јавни масовни собири, Царинската управа ги одложи закажаните дополнителни обуки за царински застапници, што требаа да се одржат во март, април и мај.

Царинската управа ве известува дека започнува со организирање на онлајн обука за првата група на пријавени учесници што ќе се одржи од 06.-09.10.2020 година. Обуката ќе се одржи според следниот распоред што може да го најдете на следниот линк:

Распоред со теми на обуката

Учесниците кои треба да ја посетуваат обуката во овој термин, се наведени во листа која може да ја најдете на следниот линк:

Листа на учесници Термин 1 Online

Напоменуваме дека сите учесници ќе бидат контактирани од Одделението за обуки преку електронска пошта (на адресата која е оставена како контакт во Пријавата за дополнителна обука)

Доколку некој од наведената листа не биде контактиран задолжително да се пријави на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Во случај на било какви измени во врска со дополнитената обука, учесниците ќе бидат известени по електронска пошта.

За останатите термини за одржување на дополнителните обуки и листите со учесници, учесниците ќе бидат дополнително информирани.