Почитувани кандидати,

Заради доследно спорведување на заклучоците, мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, а во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID19 (корона вирус), Царинската управа ве известува дека електронското полагање на првиот дел од испитот за лиценцирани застапници кој беше закажан за 20.03.2020 година, нема да се спроведе. 

За сите информации поврзани со испитот навреме ќе бидете известени на веб страната на Царинската управа.