Царинската управа Ве информира дека почнувајќи од 04.11.2019 година, царинската испостава Велес ќе се пресели и ќе отпочне со работа во нови работни простории на новоизбраниот држател на царински терминал ДПТУ Брако од Велес.

На отворен повик (02/2019) за држател на царински терминал избран е нов субјект - ДПТУ Брако од Велес, согласно што царинската испостава Велес  заклучно со 01.11.2019 година до 16:30 часот ке работи во досегашните простории на царинскиот терминал Макоил, а од 04.11.2019 година ќе започне со работа во новите работни простории на улица Раштански пат број 2 -Велес (поранешен царински терминал Брако).