Ги известуваме царинските застапници и економските оператори дека Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи - СОЦДАД работи непречено при поднесување на царинските декларации преку софтверските апликации на застапниците кои применуваат ДИРЕКТНА КОМУНИКАЦИЈА (SYSTEM TO SYSTEM) со СОЦДАД.

Системот работи отежнато при поднесување на царинските декларации од застапниците, директно преку царинскиот портал за трговци или преку софтверски апликации на застапниците кои го користат порталот за трговци. Напоменуваме дека порталот за трговци е наменет само за мали компании и застапници кои немаат голем обем на работа.

Од тие причини ги известуваме овие застапници и економски оператори дека можат да применуваат алтернативна постапка на хартија во Асикуда.

Истовремено, апелираме до истите во најкраток рок да ги разгледаат можностите за примена на софтверски решенија со кои ќе воспостават директна комуникација со СОЦДАД, а не преку порталот за трговци.