Царинската управа ве известува дека почнувајќи од понeделник, 15 јули 2019 година, новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) за увозни постапки се става во функција и во царинската изпостава Скопје 3 - 1013. Сите увозни декларации почнувајќи од полноќ (00:00:01) на овој датум во оваа царинска испостава задолжително треба да се поднесуваат во СОЦДАД.