Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18) в.в. со член 14, член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/2014, 199/2014, 27/2016 и 35/2018), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 04-065421/15-0012 од 21.06.2016 година и 01-065421/15-0035 од 09.07.2018 година, Правилникот за систематизација на работните места во Царинската управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 01-065421/15-0007 од 25.02.2016 година број 01-065421/15-0013 од 21.06.2016 година и број 04-065421/15-0035 од 09.07.2018 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-18539/2 од 28.12.2018 година и број 18-774/2 од 29.01.2019 година, Царинската управа објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 3 /2019

за вработување на 24 (дваесет и четири) извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на тековна фискална година (2019)

Царинската управа објавува оглас за вработување на 24 (дваесет и четири) извршители на определено време до крајот на тековна фискална година (2019):

  1. Административен оператор во Служба за испитна постапка и наплата на царински долг во транзит во Одделение за гранични и транзитни формалности во Сектор за царински систем, 1 извршител,
  2. Административен оператор за царинска лабораторија во Одделение за царинска лабораторија во Сектор за царински систем, 1 извршител,
  3. Самостоен советник за акцизи во Одделение за акцизи во Сектор за акцизи, 1 извршител,
  4. Административен оператор за администрирање на акцизни марки во Служба за администрирање на акцизни марки во Одделение за акцизни постапки во Сектор за акцизи, 1 извршител,
  5. Советник за администрирање со акцизни постапки во Служба за администрирање и координирање со акцизни постапки во Одделение за акцизни постапки во Сектор за акцизи, 1 извршител,
  6. Самостоен советник за заштита на права од интелектуална сопственост во Служба за заштита на права од интелектуална сопственост во Одделение за нетарифни мерки и заштита од интелектуална сопственост во Сектор за акцизи, 1 извршител,
  7. Административен оператор во служба за буџетска контрола и координација во Служба за буџетска контрола и координација во Одделение за финансии и сметководство, 1 извршител,
  8. Административен оператор за тековно одржување на објекти во Одделение за инвестиции и одржување, во Сектор за административни и технички работи, 1 извршител,
  9. Наплатувач на гранични премини во царинарница Куманово во Служба за управување со гранични премини за царинарници Куманово во Одделение за управување со гранични премини во Сектор за административни и технички работи, 3 извршители,
  10. Административен оператор за материјално работење во Служба за материјално работење и основните сретства во Одделение за одземена и отстапена стока и магацини во Сектор за административни и технички работи, 2 извршители,
  11.  Административен оператор за царински надзор во Служба за надзор на иматели на одобренија во царинарица Скопје, 1 извршител,
  12. Цариник во царинска испостава Скопје 1 во царинарница Скопје, 1 извршител,
  13.  Цариник во царинска испостава Скопје 3 во царинарница Скопје, 1 извршител,
  14. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Блаце во царинарница Скопје, 1 извршител,
  15. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Табановце автопат во царинарница Куманово, 1 извршител,
  16. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Деве Баир во царинарница Куманово, 1 извршител,
  17. Административен оператор во царинарница Гевгелија, 1 извршител,
  18. Самостоен советник за царински надзор во Служба за надзор на иматели на одобренија во царинарница Гевгелија, 1 извршител,
  19. Виш цариник во царинска испостава Гевгелија во царинарница Гевгелија, 1 извршител,
  20. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Ново Село во царинарница Гевгелија, 1 извршител,
  21. Виш цариник во царинска испостава Струга во царинарница Битола, 1 извршители,

Општи услови за сите работни места:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работно место: Самостоен советник

  • ниво на квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехрамбени производи и текстилна технологија,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката

Посебни услови за работно место: Советник

  • ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехранбени производи и текстилна технологија,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку една година работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Виш цариник

  • нивоа на квалификации: завршено VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехранбени производи и текстилна технологија,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • без работно искуство.

Посебни услови за работно место: Цариник

  • ниво на квалификации: вишо или средно образование,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • без работно искуство.

Посебни услови за работно место: Административен оператор

  • ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку една година работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Наплатувач

  • ниво на квалификации: Гимназиско или средно стручно образование,
  • без работно искуство.

Кандидатите потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)

  • Доказ за државјанство;
  • Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);
  • Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование; (за високо образование – диплома и уверение со изразен степен на образование и просек, или за средно образование – сите свидетелства (од прва до четврта година) и диплома за завршено средно образование;
  • Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);
  • Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.-само за работните места каде што се бара работно искуство).

Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,

Работно време: од понеделник до петок од 08,30 до 16,30 часот

Паричен износ на основна нето плата за работно место: самостоен советник - 32.401,00 денари, советник - 30.724,00 денари, виш цариник- 31.053,00 денари, цариник - 22.887,00 денари, административен оператор - 24.060,00 денари, наплатувач 16 571,00 денари.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2019 година.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs,gov.mk. Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадена во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.

Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, односно најдоцна до 06.02.2019 година (среда).

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 3/2019“). Контакт телефонски број 02 3116 188 Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РМ.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.