Царинската управа ги поканува сите царински застапници што спроведуваат царински постапки во царинските испостави Скопје 4 и Аеродром Скопје на работен состанок што ќе се одржи во четврток, 31.01.2019 во 12 часот во Амфитеатарот во старата зграда на Царинската управа под Кале (Лазар Личеноски 13). Исто така на состанокот се повикуваат и компаниите што развиваат софтвер за систем до систем комуникација со новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи.

Целта на состанокот е уште еднаш да се презентираат активностите во рамките на пилот проектот за за ставање во функција на новиот Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) што започнува од 04.02.2019 година.

Теми за разговор на состанокот се:

  • Планирани активности во рамките на пилот проектот;
  • Објаснување за начинот на поддршка од Царинската управа во текот на пилот проектот;
  • Презентација на можноста за внесување на некомплетни XML пораки во системот;
  • Состојба со регистрација на декларантите за работа во СОЦДАД;
  • Состојба со внесување на потребните одобренија во системот како што се лиценци и одобренија за застапување, одобренија за постапки со економски ефект, поедноставени постапки, гаранции, полномошна и слично;
  • Подготвеност на софтверите што се развиваат систем до систем комуникација со СОЦДАД;
  • Други прашања.