Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18) в.в. со член 14, член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/2014, 199/2014, 27/2016 и 35/2018), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 04-065421/15-0012 од 21.06.2016 година и 01-065421/15-0035 од 09.07.2018 година, Правилникот за систематизација на работните места во Царинската управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 01-065421/15-0007 од 25.02.2016 година број 01-065421/15-0013 од 21.06.2016 година и број 04-065421/15-0035 од 09.07.2018 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-18539/2 од 28.12.2018 година, Царинската управа објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1 /2019

за вработување на 78 (седумдесет и осум ) извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на

тековна фискална година (2019)

Царинската управа објавува оглас за вработување на 78 (седумдесет и осум) извршители на определено време до крајот на тековна фискална година (2019):

  1. Началник на Одделение кабинет на директор во Царинска управа, 1 извршител,
  2. Инспектор со мобилен скенер во служба за мобилен скенер во Одделение за оперативни работи во Сектор за контрола и истраги, 1 извршител, 
  3. Шеф на служба за проекти во Одделение за меѓународна соработка, проекти и европска интеграција во Царинска управа, 1 извршител,
  4. Советник за проекти во служба за проекти во Одделение за меѓународна соработка, проекти и европска интеграција во Царинска управа, 1 извршител,
  5. Советник за администрирање со акцизни марки во служба за администрирање со акцизни марки, Одделение за акцизни постапки во Сектор за акцизи, 1 извршител,
  6. Административен оператор за спроведување на обуки во Одделение за обуки во Сектор за управување со човечки ресурси, 1 извршител,
  7. Виш цариник во царинска испостава Скопје 1 во царинарница Скопје, 4 извршители,
  8. Цариник во царинска испостава Скопје 1 во царинарница Скопје, 2 извршители,
  9. Виш цариник во царинска испостава Скопје 2 во царинарница Скопје, 1 извршител,
  10. Цариник во царинска испостава Скопје 2 во царинарница Скопје, 2 извршители, 
  11. Виш цариник во царинска испостава Скопје 3 во царинарница Скопје, 2 извршители,
  12. Цариник во царинска испостава Скопје 3 во царинарница Скопје, 1 извршител,
  13. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Аеродром Александар Велики Скопје во царинарница Скопје, 4 извршители,
  14. Виш цариник во отсек стоков промет во царинска испостава Аеродром Александар Велики Скопје во царинарница Скопје, 1 извршител,
  15. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Блаце во царинарница Скопје, 1 извршител,
  16. Цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Блаце во царинарница Скопје, 1 извршител,
  17. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Блаце во царинарница Скопје, 4 извршители,
  18. Цариник во царинска испостава Тетово, 1 извршител,
  19. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Табановце автопат во царинарница Куманово, 2 извршители,
  20. Цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Табановце автопат во царинарница Куманово, 1 извршител,
  21. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Табановце автопат во царинарница Куманово, 4 извршители,
  22. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Деве Баир во царинарница Куманово, 1 извршител,
  23. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Деве Баир во царинарница Куманово, 1 извршител,
  24. Самостоен советник за царински надзор во Служба за надзор на иматели на одобренија во царинарница Штип, 2 извршители,
  25. Виш цариник во царинска испостава Штип во царинарница Штип, 1 извршител,
  26. Цариник во царинска испостава Штип во царинарница Штип, 1 извршител,
  27. Виш цариник во царинска испостава Велес во царинарница Штип, 1 извршител,
  28. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Делчево во царинарница Штип, 1 извршител,
  29. Самостоен советник за царински надзор во Служба за надзор на иматели на одобренија во царинарница Гевгелија, 2 извршители,
  30. Цариник во царинска испостава ЖС Гевгелија во царинарница Гевгелија, 2 извршители,
  31. Виш цариник во царинска испостава Гевгелија во царинарница Гевгелија, 2 извршители,
  32. Цариник во царинска испостава Дојран во царинарница Гевгелија, 1 извршител,
  33. Виш цариник во царинска испостава Струмица во царинарница Гевгелија, 2 извршители,
  34. Цариник во царинска испостава Струмица во царинарница Гевгелија, 1 извршител,
  35. Виш цариник во царинска испостава Кавадарци во царинарница Гевгелија, 1 извршител,
  36. Самостоен советник за царински надзор во Служба за надзор на иматели на одобренија во царинарница Битола, 1 извршител,
  37. Виш цариник во царинска испостава Битола во царинарница Битола, 1 извршител,
  38. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Меџитлија во царинарница Битола, 3 извршители,
  39. Водител на смена во отсек за патнички промет во царинска испостава Меџитлија во царинарница Битола, 1 извршител,
  40. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Меџитлија во царинарница Битола, 2 извршители,
  41. Виш цариник во царинска испостава Прилеп во царинарница Битола, 1 извршител,
  42. Виш цариник во царинска испостава Охрид во царинарница Битола, 1 извршител,
  43. Цариник во царинска испостава Аеродром Св.Апостол Павле- Охрид во царинарница Битола, 1 извршител,
  44. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Ќафасан во царинарница Битола, 1 извршител,
  45. Водител на смена во отсек за патнички промет во царинска испостава Ќафасан во царинарница Битола, 1 извршител,
  46. Водител на смена во царинска испостава Блато во царинарница Битола, 1 извршител,
  47. Цариник во царинска испостава Свети Наум во царинарница Битола, 1 извршител,
  48. Виш цариник во царинска испостава Струга во царинарница Битола, 2 извршители,
  49. Наплатувач на гранични премини во царинарница Скопје во Служба за управување со гранични премини за царинарница Скопје во Одделение за управување со гранични премини во Сектор за административни и технички работи, 2 извршители,
  50. Наплатувач на гранични премини во царинарница Гевгелија во Служба за управување со гранични премини за царинарница Гевгелија во Одделение за управување со гранични премини во Сектор за административни и технички работи, 3 извршители,

Општи услови за сите работни места:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работно место: Началник на одделение

  • ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехрамбени производи и текстилна технологија,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Шеф на служба

  • ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехрамбени производи и текстилна технологија, наука за книжевност и наука за јазикот (лингвистика)
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката

Посебни услови за работно место: Водител на смена

  • Ниво на квалификации: завршено VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехранбени производи и текстилна технологија,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку две години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Самостоен советник

  • Ниво на квалификации: завршено VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехранбени производи и текстилна технологија,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Советник за проекти

  • ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехрамбени производи и текстилна технологија, наука за книжевност и наука за јазикот (лингвистика),
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку една години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Советник за администрирање со акцизни марки

  • ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехрамбени производи и текстилна технологија,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку една години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Инспектор со мобилен скенер

  • ниво на квалификации: вишо или средно образование,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • без работно искуство.

Посебни услови за работно место: Виш цариник

  • нивоа на квалификации: завршено VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехранбени производи и текстилна технологија,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • без работно искуство.

Посебни услови за работно место: Цариник

  • ниво на квалификации: вишо или средно образование,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • без работно искуство.

Посебни услови за работно место: Административен оператор

  • ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку една година работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Наплатувач

  • ниво на квалификации: Гимназиско или средно стручно образование,
  • без работно искуство.

Кандидатите потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)

  • Доказ за државјанство;
  • Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);
  • Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование; (за високо образование – диплома и уверение со изразен степен на образование и просек, или за средно образование – сите свидетелства (од прва до четврта година) и диплома за завршено средно образование;
  • Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);
  • Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.-само за работните места каде што се бара работно искуство).

Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,

Работно време: од понеделник до петок од 08,30 до 16,30 часот

Паричен износ на основна нето плата за работно место: началник на одделение - 39.899,00 денари, шеф на служба - 34.067,00 денари, водител на смена - 33.432,00 денари, самостоен советник - 32.401,00 денари, советник - 30.724,00 денари, виш цариник- 31.053,00 денари, за работно место цариник - 22.887,00 денари, администартивен оператор - 24.060,00 денари, наплатувач 16 571,00 денари.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2019 година.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs,gov.mk. Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадена во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.

Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, односно најдоцна до 10.01.2019 година (четврток).

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 1/2019“). Контакт телефонски број 02 3116 188 Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РМ.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.