Животна средина

Оружје се смета секој предмет направен под притисок на експлозивни материи гас или компримиран воздух или на друг погон да исфрла зрно, кугла, сачма или друг проектил, гас,течност или друга супстанција, што може да предизвика опасност по животот или здравјето на луѓето, како и други предмети, чија основна намена е вршење напад, лов и спортско стрелаштво.

Согласно Законот за оружјето; Министерството за внатрешни работи издава:

  • Одобрение за пренесување (трансфер) на оружје и муниција при увоз
  • Одобрение за превоз на оружје и муниција при увоз
  • Одобрение за набавка(трансфер) на експлозиви и експлозивни материи при увоз
  • Одобрение за превоз на експлозивни материи при увоз

Вооружување и воена опрема се сметаат функционални борбени комплетни системи наменети за потребите на одбраната и безбедноста на Републиката што го сочинуваат основното средство (летала, пловни објекти, тенк, топ, хаубица, минофрлачка, пиштол, пушка и друго), како и други средства со борбена и неборбена намена (инженериски и разни електротехнички средства, средства за радиолошко - биолошко - хемиска и лична заштита, интендантски технички средства, средства за одржување и ремонт, амбалажа за транспорт и чување на техничка и експлоатациона документација, софтвер и нематеријална технологија и друго).
Согласно Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема Министерството за економија издава:

  • Дозвола за извоз на вооружување и воена опрема
  • Дозвола за увоз на вооружување и воена опрема
  • Дозвола за транзит на вооружување и воена опрема
  • Дозвола за брокеринг и ОФСЕТ на вооружување и воена опрема