Notice: Undefined property: JCategoryNode::$introtext in C:\inetpub\wwwroot\carina_php7.0.21\plugins\system\easylanguage\easylanguage.php on line 108

Партнерството помеѓу Царинската управа и деловната заедница се остварува преку работата на Советодавното тело, кое претставува форум на размена на меѓусебни мислења.

Советодавното тело е формирано во јануари 2009 година, согласно стандардите на Светската царинска организација(Конвенција на хармонизација и поедноставување на царинските процедури).

Во Советодавното тело членуваат:

  • Царинска управa
  • Стопанска комора на РМ
  • Сојуз на стопански комори на РМ
  • Стопанска комора на Северозападна Македонија
  • Американска стопанска комора во РМ
  • СИЗ„Македонија сообраќај” АМЕРИТ
  • Групација на шпедитери и логистички оператори -МИФА
  • Текстилно трговско здружение - Текстилен кластер
  • Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ
  • Холандска стопанска комора
  • Македонско Бугарска стопанска комора
  • Унија на Германски комори за индустрија и трговија - Претставништво Скопје
  • Стопанска комора на Македонија - Турција

Основни принципи на работа на телото се:

  • промовирање на партнерството помеѓу Царинската управа и бизнис заедницата,
  • осигурување на висок степен на олеснување на трговијата како и безбедност,
  • модернизирање на царинските постапки и
  • активности на тренинг и обуки

Деловник за работа на советодавното тело