Увозот во Република Македонија на одредени земјоделски производи со потекло од земјите членки на Европската унија, земјите членки на ЕФТА, Украина и Република Турција во рамки на договорените годишни количини се врши без плаќање или со плаќање на намалени увозни царински давачки. Согласно обврските од Договорот за пристапување на Република Македонија во Светската трговска организација (СТО), предвиден е безцарински увоз на пченица во рамки на годишно утврдени количини на тарифни квоти.

Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за начинот и постапката при распределба на стоките во рамки на тарифни квоти два пати годишно во Службен весник на Република Македонија во квартални количини се објавуваат Листи на стоки на тарифни квоти кои ќе се увезуваат во рамки на квота по принципот на распределба „прв дојден, прв корисник. Неискористените количини на квоти на крајот на секој квартал се пренесуваат во првиот нареден квартал (период од три месеци) како дополнување на утврдената количина на стоки од Листата на строки на тарифни квоти.

Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за начинот и постапката при распределба на стоките во рамки на тарифни квоти еднаш годишно во Службен весник на Република Македонија се објавува Листа на стоки на царински квоти по Договорот за пристапување на Република Македонија во СТО.

Распределбата на количините на тарифните квоти се врши преку Информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при увоз, извоз и транзит на стоки – EXIM

Дневните извештаи за добиени потврди за распределени или делумно одбиени тарифни квоти како и тековната состојба на преостанати количини на тарифни квоти по земји се достапни преку Информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при увоз, извоз и транзит на стоки – EXIM.