Со транзитна постапка се одобрува движење од едно до друго место во рамките на царинското подрачје под контрола на царинскиот орган.

Транзитните движење можат да се вршат:

  • Согласно со постапката пропишана со Царинскиот закон и Уредбата за спроведување на Царинскиот закон (национален транзит);
  • Согласно со постапката пропишана со Конвенцијата за заедничка транзитна постапка (заеднички транзит оваа постапка се применува од 01.07.2015 година);
  • Согласно со постапката со ТИР карнет пропишана со ТИР Конвенција;
  • Согласно постапката со АТА карнет;
  • Согласно постапката со образец 302;
  • По пошта (вклучувајќи и поштенски пратки).

Во националната транзитна постапка се одобрува движење на:

  • странска стока која со ставањето во оваа постапка не подлежи на плаќање на увозни давачки и други давачки или на мерки на трговска политика и
  • домашна стока, во определени случаи и услови, со цел да се спречи стока која е опфатена со извозните мерки или која има корист од извозните мерки, да ги избегне или неоправдано искористи тие мерки.

Заедничката транзитна постапка може да се извршува како Т1 или Т2 постапка во зависност од случајот. Постапката Т2 може да се применува само за стока која што  има статус на стока на Унијата, која во Република Македонија пристигнала во постапка Т2 и истата повторно се изнесува од царинското подрачје согласно посебните услови пропишани во членот 9 од Конвенцијата за заедничка транзитна постапка. За сите други стоки се спроведува Т1 постапка.

NCTS32Нов компутеризиран транзитен систем

Документација

Прирачник за транзитна постапка