Notice: Undefined property: JCategoryNode::$introtext in C:\inetpub\wwwroot\carina_php7.0.21\plugins\system\easylanguage\easylanguage.php on line 108

ТИРЗ  е дел од царинското подрачје, или објекти во царинското подрачје, одвоени од другиот дел на царинското подрачје, основани согласно Законот за ТИРЗ.

Корисник на ТИРЗ може да биде секое домашно или странско физичко или правно лице кое врши дејност во зоната и кое заради користење на ТИРЗ склучило договор за вршење дејност со основачот на ТИРЗ и истиот му издал решение за започнување со работа.

Основачот на зоната ја известува надлежната царинарница за секој склучен договор за користење на ТИРЗ, како и за раскинување на договорот. Известувањето мора да содржи назив на ТИРЗ, број и датум на склучениот договор, како и назив, даночен број и дејноста на корисникот на ТИРЗ. Корисникот на ТИРЗ, заради спроведување на царински надзор, води евиденција за внесување, изнесување, употреба и промена на стоката.

Влегувањето во и излегувањето од ТИРЗ од страна на физички лица и транспортни средства, како и внесувањето и изнесувањето на стоки во ТИРЗ се врши согласно со царинските прописи и се предмет на царински надзор. Стоката која се внесува во ТИРЗ задолжително се пријавува на царинскиот орган.

Од плаќање на данок на додадена вредност е ослободен увозот на стоки во ТИРЗ под услов стоките да не се пуштени во слободен промет, односно да не се наменети за крајна потрошувачка. Во ТИРЗ може да се внесува странска и домашна стока.

При внесување на странска стока во ТИРЗ се спроведуваат сите царински постапки, кои се спроведуваат и во останатото царинско подрачје на Република Македонија.

Во ТИРЗ можат да се применуваат сите видови на поедноставени постапки предвидени во член  88 од Царинскиот закон.

Корисникот на ТИРЗ може да примени постапка на увоз на облагородување само доколку претходно има добиено Одобрение од надлежниот царински орган. Постапката на увоз за облагородување во ТИРЗ се применува согласно одредбите на Царинскиот закон и УСЦЗ, освен што за спроведување на оваа постапка не се бара банкарска гаранција како инструмент за обезбедување на евентуалниот царински долг.

Во случај на прекршување на одредбите на законски и подзаконски акти од страна на основачот или корисниците на ТИРЗ се применуваат соодветните прекршочни одредби предвидени со Царинскиот закон, односно со Законот за технолошко индустриски развојни зони.

Упатство за спроведување на царински постапки во ТИРЗ