Со постапката на извоз, царинскиот орган одобрува домашна стока да се изнесе од царинското подрачје. Извозот вклучува примена на формалности за извоз и изнесување, мерки на трговската политика, и ако е пропишано, плаќање на извозни давачки. Со извоз извезената домашна стока го менува статусот во странска стока.


Постапка на извозното царинење

Извозната постапка овозможува домашната стока да го напушти царинското подрачје на Република Македонија.

За стоката која се извезува се поднесува царинска декларација (во рубриката 1 од ЕЦД-то се запишува ознаката ЕХ буква (А,B или Z) и број 1.

Домашната стока пријавена за извоз се наоѓа под царински надзор од моментот на приемот на царинската декларација па се до изнесувањето на стоката од царинското подрачје на Република Македонија, тоа значи дека пуштањето на стоката за извоз се одобрува под услов предметната стока да се изнесе од царинското подрачје во иста состојба (вид и количина) во која се ноаѓала во моментот на прифаќање на извозната царинска декларација.


Мерки на царински надзор

Стоката која се става во извозна постапка не се пушта доколку не е пломбирана.

Пломбирањето се врши на просторот во кој се наога стоката, од транспортното средство, како погодно за пломбирање или на секој поединечен колет во останатите случаи. Пломбите треба да ги имаат карактеристиките дадени во Прилог 35 од УСЦЗ.

Трансортните средства може да се прифатат како погодни за пломбирање под услов:

  • пломбите да можат да се наместата на нив на едноставен и ефикасен начин;
  • да се така конструирани за стоката да неможе да биде остранета или внесена без да се остават видливи траги или без да се оштетат пломбите;
  • да не содржи скришни простори каде што може да се скрие стоката, просторот наменет за товарот да се лесно пристапни за проверка од страна на царинскиот орган.

Секое патно возило, приколка, полуприколка или контејнер, одобрен за превоз подцаринска пломба согласно конвенцијата ТИР се смета за погодно за пломбирање.

Појдовната царинска испостава може да се откаже од пломбирање доколку со примена на други мерки стоката може веднаш и лесно да се идентификува според нејзиниот опис даден во извозната декларација или нејзините придружни документи.

Описот на стоката може да допринесе за идентификација на стоката, кога тој едоволно прецизен за да може да се обезбеди лесна идентификација на количината и видот на стоката.


Начин на поднесување на извозната декларација

Извозната декларација се поднесува во писмена форма на образец ЕЦД.

Извозник е лице со седиште во Република Македонија во чие име е поднесена царинска декларација и кој е сопственик на стоката или има слични права за располагање со неа во моментот на прифаќање на декларацијата. Кога сопственоста или слични права на располагање со стоката припаѓаат на лице со седиште надвор од Република Македонија согласно договорот на кој е заснован извозот , за извозник се смета договорната страна со седиште во Република Македонија.

При извоз во рубриката 37 од ЕЦД-то се запишува шифрата 10.


Царински орган за извоз

Извозната декларација се поднесува кај царинската испостава која е надлежна за надзор на местото каде што извозникот е регистриран или местото каде што се врши пакување или натовар на стоката за извоз.


Царински орган при излез 

Ако стоката се извезува преку железница, пошта, воздух или воден пат, царинскиот орган при излез е оној орган во кој што се превзема стоката под еден транспортен договор, за транспорт во друга земја од страна на изведувач на железничка компанија, поштенски служби ,авио или езерски компании. Тој царински орган го заверува излегувањето на стоката на листот 3 од ЕЦД-то.

За стока извезена по цевоводи или за електрична енергија, царински орган при излез е оној орган кој е одреден од страна на Царинската управа.

Ако стоката се извезува со други средства или околности кои не се погоре наведени,(патен сообраќај) царински орган при излез e последниот орган пред стоката да го напушти царинското подрачје на Република Македонија.

Упатсво за извоз