Се известуваат сите деловни субјекти дека за издавање на Потврда од Царинска управа согласно член 43 од Законот за финансиска поддршка на инвестиции (Службен весник на Република Македонија број 83/2018) и член 3 од Правилникот за формата и содржината на барањето за исплата на финансиската поддршка и потребната документација (Службен весник на Република Македонија број 106/2018) потребно е да поднесат Барање за издавање на потврда во архивата на Царинска управа или на следната адреса

 

Царинска управа на Република Северна Македонија

Сектор за финансиски прашања

Одделение за наплата на приходи

ул. Лазар Личеноски бр.13

1000 Скопје.

Коктакт за дополнителни информации:

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или

тел: 02/32 93 945,

02/32 93 946,

02/32 93 979

Кон барањето се приложува уплатница како доказ за платена административна такса од 50,00 денари.

Административната такса може да се плати и со испраќање на СМС порака на бројот 144 166 со следната содржина: ТМ_Naziv na delovniot subjekt _50.

Барањето треба да биде потполнето точно, читливо и целосно.