Царински долг е обврска на лицето да го плати износот на увозни или извозни давачки кои се пропишани за предметната стока. Царинскиот орган наплатува увозни и извозни давачки и други давачки и даноци во согласност со прописите со кои се регулирани овие видови на давачки и даноци.
Со гаранција се обезбедува плаќање на царински долг кој настанал или царински долг кој би можел да настане, како и други давачки и даноци за кои царинските органи се овластени да ги наплаќаат во согласност со прописите со кои се регулирани овие видови на давачки и даноци, како и камати кои настанале или би можеле да настанат во врска со давачките за кои гаранцијата е поднесена и прифатена.