На акциза подлежат следниве патнички автомобили:

  • со клипен мотор (освен ротационен клипен мотор) со внатрешно согорување со палење со помош на свеќички од тарифните подброеви: 8703 21, 8703 22, 8703 23 и 8703 24 и
  • со клипен мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел) од тарифните подброеви: 8703 31, 8703 32 и 8703 33.


Акциза на патнички автомобили

Основа за пресметување на акциза на патнички автомобили е:

  • продажната цена, а тоа во смисла на овој закон е цената без данокот на додадена вредност или
  • при увоз - царинската вредност утврдена во согласност со царинските прописи зголемена за износот на царина.

Во зависност од утврдената вредност на патничките автомобили во евра во денарска противвредност, стапките на акциза на патничките автомобили изнесуваат:


Табела: Стапки на акциза на патничките автомобили
Вредност на патнички автомобили во евраСтапки на акциза 
НадДо
03.0000,00%
3.0004.0000,50%
4.0005.0001,00%
5.0006.0001,50%
6.0008.5002,00%
8.50012.0003,00%
12.00014.0004,00%
14.00016.0006,00%
16.00018.0009,00%
18.00022.00011,50%
22.00025.00013,50%
25.00030.00015,50%
30.000 18,00%