Добрата подлежни на акциза се ослободуваат од акциза, со поседување на одобрение за акцизно повластено користење издадено од Царинската управа, во случаите кога се користат како проба за анализа, за неопходни производствени тестови или научни цели или се користат за научно-истражувачки цели. Од акциза се ослободуваат добрата кои заради утврдување на нивниот состав, квалитет или други технички карактеристики, се наменети како проба за анализа, за неопходни производствени тестови, за научни цели или за научно-истражувачки цели. Ослободувањето од акциза е дозволено само за онаа количина на добра која е потребна за целите. Ослободувањето од акциза се дозволува само под услов, добрата во целина да се употребат или уништат. Ослободувањето од акциза не важи за добра кои по завршувањето на целите се наменети за продажба.

Добрата подлежни на акциза се ослободуваат од акциза во случаите кога:

  • се уништуваат под царински надзор;
  • се денатурираат под царински надзор;
  • патникот ги носи со себе од странство во својот личен багаж, ако не се од комерцијална природа и
  • минерални масла и гас кои се наоѓаат во стандардните резервоари на моторни возила или авиони кои доаѓаат од странство и не се наменети за натамошна продажба и се ослободени од плаќање увозни давачки согласно со царинските прописи.