На акциза подлежат следниве минерални масла:

  1. производите од тарифен број 2706;
  2. производите од тарифните подброеви 2707 10, 2707 20, 2707 30, 2707 50, 2707 91 00, 2707 99 11 и 2707 99 19;
  3. производите од тарифниот број 2709;
  4. производите од тарифниот број 2710;
  5. производите од тарифниот број 2711, вклучувајќи ги хемискиот чист метан и пропан, со исклучок на природен гас;
  6. производите од тарифните подброеви 2712 10, 2712 20, 2712 90 31, 2712 90 33, 2712 90 39, 2712 90 91 и 2712 90 99;
  7. производите од тарифните подброеви 2713 11 00 00 и 2713 12 00 00;
  8. производите од тарифниот број 2715;
  9. производите од тарифниот број 2901;
  10. производите од тарифните подброеви 2902 11, 2902 19, 2902 20, 2902 30, 2902 41 00, 2902 42 00, 2902 43 00 и 2902 44;
  11. производите од тарифните подброеви 3403 11 00 , 3403 19 и 3403 99;
  12. производите од тарифниот број 3811 и
  13. производите од тарифниот број 3817.

Освен горенаведените добра, за минерални масла кои подлежат на акциза се сметаат и сите други добра наменети за користење како погонско гориво или како додаток на погонско гориво, кои како такви се понудени за продажба или користење, како и други јаглени хидрати, кои се наменети за користење како масло за греење или се нудат како такви за продажба, со исклучок на камен јаглен, кафен јаглен, тресет или други споредливи цврсти јаглени хидрати или земјен гас. Со нивното користење настанува акциза, која се плаќа веднаш. Овие добра се оданочуваат по акцизната стапка на истородните минерални масла.

 

 

Специфична акциза

Специфичната акциза за следниве минерални масла, доколку поинаку не е пропишано со Законот за акцизите, изнесува за:
 

  1. Моторен бензин од тарифните ознаки 2710 12 31 00, 2710 12 41 00, 2710 12 45 00, 2710 12 49 00, 2710 12 51 00 и 2710 12 59 00, и тоа:
    1. бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и авиобензин = 24,396 ден/л и
    2. безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 г/л = 21,692 ден/л;
  2. Гасно масло од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 15 00, 2710 20 17 00 и 2710 20 19 00 и тоа:
    1. како погонско гориво = 12,121 ден/л и
    2. како гориво за греење = 3,136 ден/л;
  3. Течен нафтен гас од тарифните ознаки 2711 12 11 00 до 2711 19 00 00 и метан од тарифната ознака 2711 29 00 00 и тоа:
    1. како погонско гориво = 4,900 ден/кг и
    2. како гориво за греење = 4,900 ден/кг;
  4. Керозин од тарифните ознаки 2710 19 21 00 и 2710 19 25 00, и тоа:
    1. како погонско гориво = 9,000 ден/кг и
    2. како гориво за греење = 1,800 ден/кг;
  5. Масло за ложење од тарифните ознаки 2710 19 62 00, 2710 19 64 00, 2710 19 68 00, 2710 20 31 00, 2710 20 35 00 и 2710 20 39 00 = 0,100 ден/кг.
  6. Нафтен кокс од тарифните ознаки 2713 11 00 00 и 2713 12 00 00 = 84,6 ден/GJ (гигаџул).


Литар е литар измерен на температура од + 15 º Ц.
 
За утврдување на енергетската вредност на нафтен кокс увозникот доставува потврда за квалитет издадена од институција која врши анализа согласно меѓународно признати стандарди, во кој е искажана бруто калоричната вредност на нафтениот кокс.
 
Лицата кои течниот нафтен гас докажливо го употребиле како погонско гориво, како и лицата кои докажливо го употребиле како додаток на друго минерално масло како погонско гориво, во индустријата, акцизата се враќа во висина од 80 % од пропишаната акциза за погонска намена.Враќањето на акцизата го врши Царинската управа по поднесено барање за враќање на акциза за течен нафтен гас на образец АК-ТНГ. Рокот за поднесување на барањето е 12 месеци од денот на набавката или увозот на течниот нафтен гас. Царинската управа одлучува по барањето во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето.
 
Минералните масла што не се наведени се оданочуваат како минералните масла што им се најблиски по состав и содржина.
 
При утврдување на малопродажната цена на одделни нафтени деривати, а со цел нивно заокружување, специфичната акциза на минералните масла од точките 1), 2) и 5), може да отстапува од 0 до + 3%.


 

Специфична акциза на масла за подмачкување

Специфичната акциза за минералните масла од тарифните ознаки 2710 12 90 00, 2710 19 81 00, 2710 19 83 00, 2710 19 85 00, 2710 19 87 00 и 2710 19 91 00 и 2710 20 90 00 изнесува 7 ден/ кг.
Специфичната акциза за препаратите од тарифните ознаки 3403 19 10 00, 3403 19 90 00 и 3403 99 00 00 изнесува 22 ден/кг.