Акцизниот должник е должен да поднесе акцизна пријава (Акцизна пријава за алкохол и алкохолни пијалаци, освен за меѓупроизводи и етил алкохол за кои акцизата се плаќа со користење на контролни марки (Образец "АКЦ-ААП") и да ја плати акцизата за секој акцизен период во рок од 15 дена по истекот на секој календарски месец, освен ако поинаку не е пропишано со Законот за акцизите.

Имателот на акцизна дозвола поднесува акцизна пријава во рокот и тогаш кога не настанал акцизен долг за соодветниот акцизен период.

Ако имателот на акцизна дозвола има повеќе од еден акцизен склад, може да достави заедничка акцизна пријава за сите акцизни складови.

Во случај на престанување на важењето на акцизната дозвола, поднесувањето на акцизната пријава и плаќањето на акцизата се вршат во рок од 30 дена од денот на престанувањето на важењето, освен во случај на стечај, ликвидација или спојување.

Во случај на стечај, ликвидација или спојување доставувањето на акцизната пријава и плаќањето на акцизата се вршат во рок од 30 дена од завршените постапки.

Имателот на акцизна дозвола кој има повеќе од еден акцизен склад, може да достави заедничка акцизна пријава за сите акцизни складови.