Етил-алкохолот е ослободен од акциза, со поседување на одобрение за акцизно повластено користење издадено од Царинската управа, во следниве случаи:

  • користење за производство на оцет во смисла на тарифниот број 2209 од Царинската номенклатура,
  • кога потполно денатуриран, согласно соодветните прописи, се пушта во акцизно-правен слободен промет,
  • користење за производство на производ неподобен за човековиот вкус од денатуриран алкохол,
  • користење за производство на лекови,
  • користење за медицински цели во болници, амбуланти и аптеки,
  • користење за производство на ароми за прехрамбени производи и безалкохолни пијалаци со содржина на алкохол од најмногу 1,2% вол, и
  • непосредно или користење како составен дел на полуготови производи за производство на прехрамбени производи, полнети или во друга форма. Содржината на алкохол кај пралините не смее да ја надминува границата од 8,5 литри чист алкохол на 100 кг производ, а кај другите производи освен пралини – 5 литри чист алкохол на 100 кг производ.


Постапка за примена на акцизно ослободување за алкохол и алкохолни пијалаци

Имателот на акцизна дозвола го применува акцизното ослободување на етил алкохол за намените од член 39 став 1 од Законот за акцизите на следниот начин:

  • Етил алкохолот се испраќа од акцизниот склад врз основа на писмена нарачка од имател на одобрение за акцизно повластено користење, во која треба се наведува видот и количината на етил алкохолот;
  • Имателот на одобрение за акцизно повластено користење пред превземањето на етил алкохолот, односно пред доставувањето на фактурата, на имателот на акцизната дозвола му дава писмена изјава дека етил алкохолот ќе го користи исклучиво за намена од член 39 став 1 од Законот за акцизите (со наведување на соодветната точка). Во писмена изјава треба да се наведе и бројот и датумот на издаденото одобрение врз основа на кое може да се испраќа етил алкохол ослободен од акциза со напомена дека се уште не е искористена количината на акцизните производи на кои се однесува одобрението;
  • На фактурата ја запишува клаузулата дека етил алкохолот е испратен без пресметка на акцизата и врз основа на писмена изјава на имател на одобрение за акцизно повластено користење;
  • Од имателот на одобрение за акцизно повластено користење ја чува добиената изјава и примерокот од фактурата.

Ако етил алкохолот се испраќа врз основа на договор за сукцесивни испораки, писмената изјава може да биде дадена во првата нарачка или во договорот за сукцесивни испораки, а кај понатамошните набавки имателот на акцизна дозвола на фактурата се повикува на бројот и на датумот на таа нарачка односно на договорот за сукцесивни испораки во кој е дадена таква писмена изјава.

Имателот на акцизна дозвола води евиденција за иматели на одобрение за акцизно повластено користење наведени во овој член и евиденција за испратените количини на акцизни добра, по видови, ослободени од акциза и копија од овие евиденции доставува до Царинската управа до крајот на наредниот месец по истек на акцизниот период.


Мали производители

Мали производители се лица кои годишно произведуваат помалку од:

  • 5 хл вино или
  • 2 хл етил-алкохол

Виното и етил-алкохолот кои се произведени од страна на мали производители за сопствени потреби се ослободени од специфична акциза.