На акциза на пиво подлежат:

  • производите од тарифниот број 2203 со содржина на алкохол поголема од 0,5% вол. и
  • производите од тарифниот број 2206 кои содржат мешавина од пиво и безалкохолни пијалаци и со содржина на алкохол поголема од 0,5% вол.

На акциза на пенливо вино подлежат:
Сите производи од тарифните ознаки 2204 10 11 00, 2204 10 91 00, 2204 10 93 00, 2204 10 94 00, 2204 10 96 00, 2204 10 98 00, 2204 21 06, 2204 21 07 00, 2204 21 08 00, 2204 21 09 00, 2204 29 10 00 и тарифниот број 2205, кои:

  • се полнети во шишиња со затворач кој е прицврстен со посебни држачи, или пак производите кои имаат притисок од растворен јаглероден диоксид од 3 бари или повеќе и
  • имаат содржина на алкохол поголема од 1,2% вол, а најмногу 15% вол, доколку алкохолот содржан во готовиот производ е настанат исклучиво по пат на ферментација.

На акциза на вино подлежат:
Сите производи од тарифните броеви 2204 и 2205, со исклучок на пенливите вина во смисла на ставот (2) од членот 35 од Законот за акцизите:

  • со содржина на алкохол поголема од 1,2 % вол, а најмногу 15% вол, доколку алкохолот содржан во готовиот производ е настанат исклучиво по пат на ферментирање или
  • со содржина на алкохол поголема од 15 % вол, а најмногу 18% вол, ако не се произведени со збогатување и доколку алкохолот содржан во готовиот производ е настанат исклучиво по пат на ферментација.

На акциза за ферментирани пијалаци, освен пенливо вино, вино и пиво, подлежат и производите под називот:

  1. "други пенливи ферментирани пијалаци" од тарифните ознаки 2206 00 31 00 и 2206 00 39 00, како и производите од тарифните ознаки 2204 10 11 00, 2204 10 91 00, 2204 10 93 00, 2204 10 94 00, 2204 10 96 00, 2204 10 98 00, 2204 21 06 00, 2204 21 07 00, 2204 21 08, 2204 21 09 00, 2204 29 10 00 и тарифниот број 2205 од Царинската номенклатура што не се наведени во член 35 од Законот за акцизите, кои:
    • се полнети во шишиња со затворач кој е прицврстен со посебни држачи, или пак производите кои имаат притисок од растворен јаглероден диоксид од 3 бари или повеќе и
    • имаат содржина на алкохол поголема од 1,2% вол, а најмногу 13% вол или
    • имаат содржина на алкохол поголема од 13% вол, а најмногу 15% вол, доколку алкохолот содржан во готовиот производ е настанат исклучиво по пат на ферментирање.
  2. "други непенливи ферментирани пијалаци" кои потпаѓаат под тарифниот број 2204 и 2205, а не се наведени во ставот (3) од член 35 од Законот за акцизите, како и производите од тарифниот број 2206, со исклучок на другите пенливи ферментирани пијалаци во смисла на точка 1 на овој став и на пијалаците во смисла на член 35 од Законот за акцизите:
    • со содржина на алкохол поголема од 1,2% вол, а најмногу 10% вол. или
    • имаат содржина на алкохол поголема од 10% вол, а најмногу 15% вол, доколку алкохолот содржан во готовиот производ е настанат исклучиво по пат на ферментација.

На акциза на меѓупроизводи подлежат:
Сите производи, кои потпаѓаат под тарифните броеви 2204, 2205 и 2206 со содржина на алкохол поголема од 1,2% вол, а најмногу 22% вол, што не потпаѓаат во областа на примена на ставот (2) и (3) од член 35 од Законот за акцизите од Законот за акцизите.

На акциза на етил-алкохол подлежат:

  • сите производи од тарифниот број 2207 и 2208 со содржина на алкохол поголема од 1,2 % вол, дури и кога овие производи се дел од некој производ, кој потпаѓа под друга глава на Царинската номенклатура;
  • сите производи од тарифните броеви 2204, 2205 и 2206 од Царинската номенклатура со содржина на алкохол поголема од 22 % вол и
  • питок етил-алкохол, без разлика на тоа дали содржи растворени производи или не.


Специфична акциза

Акцизата на пиво изнесува 4 ден. по литар/степен на алкохол или 1,65 ден. по литар/степен екстракт.
Акцизата на пенливо вино изнесува 0 ден. / литар.
Акцизата на вино изнесува 0 ден. /литар.
Акцизата на други пенливи пијалаци во смисла изнесува 0 ден. /литар.
Акцизата на други непенливи пијалаци изнесува 0 ден. /литар.
Акцизата на меѓупроизводи изнесува 340 ден./ литар чист алкохол.
Акцизата на етил-алкохол изнесува 340 ден./ литар чист алкохол, мерено при температура од 20°С.