Одделението за меѓународна соработка, проекти и европска интеграција врши работи кои се однесуваат на планирање, изработување и водење на развојна стратегија и работните планови на Царинската управа во поглед на нејзината усогласеност со процесот за пристапување кон Европската унија и градење на царинскиот систем и политика; посредување и развој на меѓународната соработка на Царинската управа со останатите царински служби во светот и меѓународните организации, иницијативи, интеграции и институции на Европската унија, води предпристапни активности и соработува со соодветните меѓународни организации, иницијативи, интеграции и институциите и органите на Европската унија за градење на стабилен, сеопфатен и модерен царински систем, следи, анализира и предлага царински, надворешно - трговски, девизни и други прописи кои се применуваат во царинската постапка во рамките на европските интеграции и учествува во нивното подготвување, ги развива и унапредува билатералните и мултилатералните односи на царинската служба за размена на информации и соработка, учествува во меѓународни преговори од областа на царинското работење, подготвува материјали за меѓународни преговори и состаноци и спроведување на договорите за царинска соработка кои ги склучила Царинската управа со царинските служби на другите земји и друго.

Работните задачи од делокругот, Одделението ги врши во следните внатрешни органзациони облици:

  • Служба за меѓународна соработка и европска интеграција
  • Служба за проекти
  • Служба за превод

Контакт (генерлен контакт одделението – фиксен телефон)