Секторот за правни работи  врши работи  кои се однесуваат на следење и анализирање на законите и другите прописи од областа на царинската, управната, прекршочната и граѓанската постапка и предлагање мерки и давање насоки за нивна правилна примена, предлагање дополнување на постапката, прием, анализирање и препраќање до Министерот за финансии предмети по жалби на првостепените решенија и за тоа водење соодветна евиденција, изготвување нови решенија со кои се заменуваат решенијата што се побиваат со вложените жалби и давање насоки за одложување на извршувањето на донесените решенија во согласност со закон, прием и поднесување на тужби и други поднесоци за имотно правни спорови пред надлежните судови во кои Царинската управа има својство на странка во спорот,  застапување на Царинската управа пред надлежните судови во овие спорови, како и прием и анализирање на одлуките на првостепените судови и против истите вложување на жалби и вонредни правни лекови за нерешените предмети од страна на судовите и за тоа водење соодветна евиденција; прием и постапување по предлозите за предјавување на побарувања во стечајна маса на царинските должници; постапување со документарниот и канцеларискиот материјал согласно прописите, изготвување на Планот на архивските знаци, листа на документарен материјал со рокови на негово чување;  соработување со Државниот архив на Република Македонија и други органи, сместување, чување, заштита и обезбедување на документарниот материјал и архивската граѓа, предавање на архивската граѓа на трајно чување на Архивот на Република Македонија и друго.

Секторот работните задачи од својот делокруг ги извршува преку:

  • Одделение за правни работи, застапување и управна постапка
    • Служба за правни работи
    • Служба за застапување пред судовите
    • Служба за првостепена управна постапка
  • Одделение за прекршочна постапка
  • Одделение за канцелариско и архивско работење

Контакт (генерлен контакт од секторот – фиксен телефон)