pandora perlen buy runescape money tiffany pendants hollister hoodies ghd osterreich mbt kengat links of london jewelry thomas sabo charms levis dritto pandora armband
 
 
Почетна | За нас Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
Пребарување:
 



 Актуелно
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2016
ЈАВЕН ПОВИК Бр. 2/17
Одлука за усогласување и менување на царинската тарифа за 2017 година
Корелациони табели
ИЗМЕНА НА ОБРАСЦИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ОПШТА ГАРАНЦИЈА
ИЗВЕСТУВАЊЕ- ПРОМЕНЕТ ОБРАЗЕЦ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ПОТВРДА ЗА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР
ИНФОРМАТИВАН БРОШУРА ЗА ПАТНИЦИ
ПРИЈАВЕТЕ ПАРИ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
НЕ ЗА НЕЛЕГАЛНИ АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ
ВОДИЧ ЗА ЦАРИНЕЊЕ НА СТОКИ 2017

Водич за царинење на стоки 2017.xls

Водич за царинење на стоки 2017.doc

Водич за царинење на стоки 2017.csv

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА ЗА ТРЕТ КВАРТАЛ 2015 ГОДИНА
СООПШТЕНИЕ за начинот на постапување со погрешните уплати на евидентната сметка 845-00960 на ЦУ
ЛИСТА НА ПРАШАЊА ЗА СТРУЧНИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЗА ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ
ОДЛУКА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА СТОКИТЕ НА ФОРМИ НА ИЗВОЗ И УВОЗ
ОВЛАСТЕНИ ПЕЧАТНИЦИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕУР ОБРАСЦИ
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА - НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ УВОЗ НА УПОТРЕБУВАНИ ВОЗИЛА!
БРОЈ НА УВЕЗЕНИ ВОЗИЛА

Вести
ЗАПЛЕНЕТИ ДЕВИЗИ, СРЕБРЕН НАКИТ, ТЕХНИЧКА СТОКА, МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА, ДЕЛОВИ ЗА МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
 
 
Скопје,03.04.2017 г.
 
 
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, сребрен накит, техничка стока, медицинска опрема, делови за мобилни телефони и обувки.
Задржани се следните производи:
Девизи
- 8.900 евра, откриени во два одвоени случаи при личен претрес на тројца македонски државјани, пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.
Во првиот случај, при личен претрес на возачот на македонски автомобил и неговиот сопатник, привремено се задржани 5.900 евра. Во џеб од панталоните на возачот биле пронајдени 5.900 евра, а во рачна ташна на сопатникот биле пронајдени 4.000 евра, за кои не поседувале документи за потекло. Согласно законските прописи на патниците им биле вратени по 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а 5.900 евра биле привремено задржани.
Во вториот случај, во џеб од панталоните на возачот на бугарски автомобил биле пронајдени 5.000 евра за кои не поседувал документ за потекло. Како и во претходниот случај на патникот му биле вратени 2.000 евра, а 3.000 евра биле привремено задржани.
Против тројацата патници се поднесени прекршочни постапки.
 
Сребрен накит
- 496 парчиња сребрен накит (нараквици, прстени, обетки и приврзоци) со вкупна маса од 2.170 грама, откриени при контрола на турски автобус пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Дел од накитот бил пронајден во кеса, завиткана во тренерка и сместена во патна торба на турски државјанин, кој патувал со автобусот, а дел бил пронајден во рачна торбичка што ја носел на рамо и во внатрешните џебови од неговата јакна. Накитот, чија вредност е проценета на околу 73 илјади денари, е привремено задржан, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.
 
Техничка стока и медицинска опрема
- 1 видео камера марка SONY, откриена при контрола на македонски автобус, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Камерата, пронајдена во кабината за одмор на шоферот покриена со ќебе е привремено задржана, а против сопственикот, македонски државјанин кој патувал со автобусот, ќе биде поведена соодветна постапка.
-4 делови од медицинска опрема за лапароскопија (LCD монитор, генератор и инструменти) откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патниот куфер на турски државјанин, кој допатувал со лет од Истанбул. Непријавената стока е привремено задржана а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.
- 30 парчиња употребувани електрични алати (мотори за сечење дрва и бетон, брусалки, апарати за заварување, хилти, бор-машини и друго), откриени при контрола на германски автомобил, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените алати, пронајдени на задното седиште и во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.
 
Делови за мобилни телефони и друга стока
- 154 екстерни батерии за мобилни телефони, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патниот куфер на македонски државјанин кој допатувал со лет од Гетеборг. Непријавените производи се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка.
- 45 футроли за мобилни телефони, ѕидни закачалки и 17 кеси со монистри во разни облици, откриени при контрола на македонски автомобил, со кој за влез во државата, на граничниот премин Деве Баир, се пријавиле двајца македонски државјани. Производите биле пронајдени на задното седиште и на полицата позади задното седиште, прекриени со јакни, како и во кеса сместена во багажникот на возилото. Истите се привремено задржани, а против сопатникот, кој се пријавил како сопственик на производите, е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
 
Обувки
- 34 пара женски папучи, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавените папучи, пронајдени во повеќе кеси, сместени во багажникот и помеѓу седиштата на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.




Назад 

Креиран од Admin1 на 03.04.2017
MK | EN | SQ

 
 
 
 


ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦИРАН ЗАСТАПНИК -СЛЕДЕЊЕ ВО ЖИВО

 

ПРИЈАВЕТЕ КОРУПЦИЈА ВО ЦАРИНСКАТА УПРАВА

 

АНКЕТА ЗА КОРУПЦИЈА


 e-Carina
НОВ КОМПЈУТЕРИЗИРАН ТРАНЗИТЕН СИСТЕМ-NCTS
СИСТЕМ ЗА ОБРАБОТКА НА ДЕКЛАРАЦИИ И АКЦИЗНИ ДОКУМЕНТИ-СОЦДАД
ИНТЕГРИРАНА ТАРИФНА ОКОЛИНА (ИТО)

   

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ЕОРИ БРОЈ

 

Е-ТРГОВИЈА

 

ПРОМОТИВЕН СПОТ ЗА КАПАЊАТА ЗА УСНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА СТОКА

АНКЕТА ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

КОЛКУ СТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ЦАРИНСКИТЕ ЗАСТАПНИЦИ?

БЕЗГОТОВИНСКОТО ПЛАЌАЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ДАВАЧКИ

 


 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2016
повеќе ...
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...

    
 

 


 

 Линкови

 
 

 Сервиси

Supported by




Моментално посетители: 123
Вкупно посетители: 10172112

 
Почетна | За нас | Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
©2004 Царинска Управа на Република Македонија