pandora perlen buy runescape money tiffany pendants hollister hoodies ghd osterreich mbt kengat links of london jewelry thomas sabo charms levis dritto pandora armband
 
 
Почетна | За нас Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
Пребарување:
 



 Актуелно
Одлука за усогласување и менување на царинската тарифа за 2017 година
Корелациони табели
ИЗМЕНА НА ОБРАСЦИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ОПШТА ГАРАНЦИЈА
ИЗВЕСТУВАЊЕ- ПРОМЕНЕТ ОБРАЗЕЦ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ПОТВРДА ЗА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР
ИНФОРМАТИВАН БРОШУРА ЗА ПАТНИЦИ
ПРИЈАВЕТЕ ПАРИ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
НЕ ЗА НЕЛЕГАЛНИ АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ
ВОДИЧ ЗА ЦАРИНЕЊЕ НА СТОКИ 2017

Водич за царинење на стоки 2017.xls

Водич за царинење на стоки 2017.doc

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА ЗА ТРЕТ КВАРТАЛ 2015 ГОДИНА
УСНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА СТОКА
СООПШТЕНИЕ за начинот на постапување со погрешните уплати на евидентната сметка 845-00960 на ЦУ
ЛИСТА НА ПРАШАЊА ЗА СТРУЧНИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЗА ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ
ОДЛУКА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА СТОКИТЕ НА ФОРМИ НА ИЗВОЗ И УВОЗ
ОВЛАСТЕНИ ПЕЧАТНИЦИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕУР ОБРАСЦИ
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА - НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ УВОЗ НА УПОТРЕБУВАНИ ВОЗИЛА!
БРОЈ НА УВЕЗЕНИ ВОЗИЛА

Вести
ЗАПЛЕНЕТИ ЗЛАТЕН НАКИТ, ЦИГАРИ, ОГНОМЕТИ, БУНДИ ОД ПРИРОДНО КРЗНО И ДРУГО
 
 
Скопје,03.01.2017 г.
 
 
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија еден обид за погрешно тарифирање на стока и повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани златен накит, цигари, огномет, парафин за импрегнација на дрва, дискови за автомобил, женски бунди од природно крзно и друго.
Задржана е следната стока:
 
Златен накит
- 749 грама златен накит, откриени од страна на царинските инспектори од Одделението за оперативни работи, при контрола на патничко моторно возило со германски регистарски ознаки, управувано од грчки државјанин пријавено за излез од Македонија на ГП Богородица. При извршената царинска контрола, во багажниот простор поточно во фрижидерче за храна биле пронајдени 2 кутии со златен накит и тоа 21 прстен, 11 ланчиња, 11 пара обетки, 28 алки, 16 привезоци и 2 монети. Вкупната вредност на златниот накит изнесува околу 1 милион денари. Целокупната документација заедно со привремено задржаната стока предадени се на Одделението за истраги за нивно понатамошно постапување, а против пријавениот поднесена е соодветна кривична пријава.
 
Цигари
- 5700 парчиња цигари (30 штеки)  со македонски акцизни марки, откриени од царинските службеници  на ГП Дојран во патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од бугарски државјанин пријавен за излез од Република Македонија. При контрола на возилото, под левото предно крило во фабрички вграден простор и во два специјално направени бункери вградени во левиот и десниот праг на возилото биле пронајдени вкупно 30 штеки цигари. Против сторителот е поведена прекршочна постапка согласно Царинскиот закон, а стоката и возилото кое послужило како средство за сокривање на стоката привремено се одземени.
 
Огномет
 - две кутии или 200 парчиња огномет -“Midnight Night mare“, откриени од страна нацаринските инспектори од Одделението за оперативни работи при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавен за влез во државата  на ГП Блаце. При царинска контрола на возилотона подот позади воачкото седиште и под совозачкото седиште пронајдени се две кутии со по 100 парчиња огномет. Случајот е предаден на Одделението за истраги за понатамошно постапување.
 
Сообраќајни дозволи и разна стока
- две сообраќајни дозволи за моторцикли кои биле пуштени во слободен промет без претходно да бидат ставени во пропишана царинска постапка и без да бидат платени увозни давачки, откриени на ГП Делчево во возило со италијански регистарски таблички управувано од македонски државјанин
- две парчиња дискови за автомобил, откриени на влез во државата на ГП Деве Баир во автобус со привремени регистарски таблици управувано од македонски државјанин. Непријавената стока била пронајдена во  десниот преден багаж над десното тркало од автобусот
 - 240 килограми парафин за импрегнација на дрва, откриени на ГП Табановце-автопат во возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин пријавен за влез во државата.
- 3 парчиња женски бунди од природно крзно, 2 парчиња  метални кутии-HAGER-FL02A и 2 плочи FL42G, 100 парчиња термички спојки за кабел, 2 парчиња регулатор за светло, 8 парчиња дигитални  термостати, 2500 парчиња спојки за кабел, 38 парчиња прекидачи со адаптер, 12 парчиња контактор, 20 парчиња релеј, 20 парчиња приклучок за релеј, 10 парчиња сигнална лед светилка, 20 парчиња Contact blok start B-1, 10 парчиња термостати, откриенина влез во Рeпублика Македонија на ГП Богородица кај српски државјанин во  товарно моторно возило  со српски  регистарски ознаки.
- шест семки од марихуана, откриени од царински службеници на ЦИ Аеродром Александар Велики - отсек за стоково царинење, вопратка со опис на стока играчки, испратена од Англија за примач од Скопје. При преглед на стоката наместо играчка, пронајдени се две паковања со по три семки канабис од брендот Royal Queen Seed, каталози за нарачка и ризли - хартија за виткање на цигари. Стоката е предадена на Одделението за истраги за понатамошнo постапување.
 
Погрешно тарифирање на стока
Во царинска испостава Гевгелија спречен е обид да се царини погрешно тарифирана стока со цел да се предизвика избегнување на дозвола за увоз Д4 од Министерство за животна средина и просторно планирање.
Царински застапник од Гевгелија за увозник од Скопје за царинење пријавил стока со потекло од Германија. При извршен преглед, царинските службеници утврдиле дека стоката со трговски назив ,,електричен систем за догревање на вода“ е погрешно тарифирана. Односно, утврдиле дека системот содржи две разладни единици со компресор и вентилатори и за увоз на оваа стока потребно е дозвола I025 од Министерство за животна средина и просторно планирање, која увозникот во моментот на царинење не ја поседувал. Против увозникот поведена е прекршочна постапка со мандатна казна, предметната стока привремено е задржана и согласно законска процедура увозникот е должен во рок од 8 дена да ја обезбеди  потребната дозвола  или за истата царинскиот орган ќе донесе решение за постапување со стока чиј увоз е забранет.




Назад 

Креиран од Admin1 на 03.01.2017
MK | EN | SQ

 
 
 
 


ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦИРАН ЗАСТАПНИК -СЛЕДЕЊЕ ВО ЖИВО

 

ПРИЈАВЕТЕ КОРУПЦИЈА ВО ЦАРИНСКАТА УПРАВА

 

АНКЕТА ЗА КОРУПЦИЈА


 e-Carina
НОВ КОМПЈУТЕРИЗИРАН ТРАНЗИТЕН СИСТЕМ-NCTS
СИСТЕМ ЗА ОБРАБОТКА НА ДЕКЛАРАЦИИ И АКЦИЗНИ ДОКУМЕНТИ-СОЦДАД
ИНТЕГРИРАНА ТАРИФНА ОКОЛИНА (ИТО)

   

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ЕОРИ БРОЈ

 

Е-ТРГОВИЈА

 

ПРОМОТИВЕН СПОТ ЗА КАПАЊАТА ЗА УСНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА СТОКА

АНКЕТА ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

КОЛКУ СТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ЦАРИНСКИТЕ ЗАСТАПНИЦИ?

БЕЗГОТОВИНСКОТО ПЛАЌАЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ДАВАЧКИ

 


 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...

    
 

 


 

 Линкови

 
 

 Сервиси

Supported by




Моментално посетители: 167
Вкупно посетители: 9772614

 
Почетна | За нас | Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
©2004 Царинска Управа на Република Македонија