pandora perlen buy runescape money tiffany pendants hollister hoodies ghd osterreich mbt kengat links of london jewelry thomas sabo charms levis dritto pandora armband
 
 
Почетна | За нас Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
Пребарување:
 



 Актуелно
Одлука за усогласување и менување на царинската тарифа за 2017 година
Корелациони табели
ИЗМЕНА НА ОБРАСЦИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ОПШТА ГАРАНЦИЈА
ИЗВЕСТУВАЊЕ- ПРОМЕНЕТ ОБРАЗЕЦ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ПОТВРДА ЗА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР
ИНФОРМАТИВАН БРОШУРА ЗА ПАТНИЦИ
ПРИЈАВЕТЕ ПАРИ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
НЕ ЗА НЕЛЕГАЛНИ АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ
ВОДИЧ ЗА ЦАРИНЕЊЕ НА СТОКИ 2017

Водич за царинење на стоки 2017.xls

Водич за царинење на стоки 2017.doc

Водич за царинење на стоки 2017.csv

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА ЗА ТРЕТ КВАРТАЛ 2015 ГОДИНА
СООПШТЕНИЕ за начинот на постапување со погрешните уплати на евидентната сметка 845-00960 на ЦУ
ЛИСТА НА ПРАШАЊА ЗА СТРУЧНИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЗА ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ
ОДЛУКА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА СТОКИТЕ НА ФОРМИ НА ИЗВОЗ И УВОЗ
ОВЛАСТЕНИ ПЕЧАТНИЦИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕУР ОБРАСЦИ
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА - НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ УВОЗ НА УПОТРЕБУВАНИ ВОЗИЛА!
БРОЈ НА УВЕЗЕНИ ВОЗИЛА

Вести
ДОНЕСЕН ПРАВИЛНИКОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИ
 
 


Врз основа на член 58 од Законот за акцизите („Службен весник на РМ“ број 32/01 ... 23/16), министерот за финансии донесе Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за спроведување на Законот за акцизите. Овој правилник е објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 219 од 21.12.2016 година и истиот ќе стапи на сила на ден 29.12.2016 година.
Најважни измени кои се извршени со овој Правилник се следниве:
• Потврдата од Царинска управа дека барателот ги исполнил царинските обврски, Царинската управа ја обезбедува по службена должност во постапка за издавање на акцизна дозвола
• Кон барањето за издавање на акцизна дозвола во зависност од тоа за кое акцизно добро се работи, се приложуваат документи од надлежните органи на државната управа, односно инспекциски органи од кои се гледа дека просториите наменети за производство или складирање и трговија на големо ги исполнуваат условите наведени во барањето, и тоа за:
1. Минерални масла
1.1. За производство на минерални масла
- лиценца за вршење на енергетска дејност производство на нафтени деривати издадена од Регулаторна комисија за енергетика,
- известување за започнување со вршење на дејност доставено до Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд и
- записник за извршен инспекциски надзор од областа на безбедност и здравје при работа изготвен од страна на Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд.
1.2. За складирање и трговија на големо на минерални масла
- пријава за исполнување на минимално техничките услови за вршење на трговија и започнување со работа на продажен или друг деловен објект, доставена до Министерството за економија – Државен пазарен инспекторат,
- известување за започнување со вршење на дејност доставено до Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд,
- записник за извршен инспекциски надзор од областа на безбедност и здравје при работа изготвен од страна на Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд,
- лиценца за вршење на енергетска дејност складирање на нафтени деривати издадена од Регулаторна комисија за енергетика и
- лиценца за вршење на енергетска дејност трговија на големо со нафтени деривати издадена од Регулаторна комисија за енергетика.
2. Тутунски добра
2.1. За производство на тутунски добра
- решение за упис во Регистар на производители, извозници и увозници на тутунски производи издадено од Министерството за економија,
- известување за започнување со вршење на дејност доставено до Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд и
- записник за извршен инспекциски надзор од областа на безбедност и здравје при работа изготвен од страна на Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд.
2.2. За складирање и трговија на големо на тутунски добра
- пријава за исполнување на минимално техничките услови за вршење на трговија и започнување со работа на продажен или друг деловен објект, доставена до Министерството за економија – Државен пазарен инспекторат,
- известување за започнување со вршење на дејност доставено до Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд,
- записник за извршен инспекциски надзор од областа на безбедност и здравје при работа изготвен од страна на Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд и
- решение за упис во Регистар на производители, извозници и увозници на тутунски производи издадено од Министерството за економија.
3. Алкохол и алкохолни пијалаци
3.1. За производство на алкохол и алкохолни пијалаци
- решение за регистрирање во Регистарот на објекти и оператори со храна издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство, кое се однесува на алкохол и алкохолни пијалаци,
- известување за започнување со вршење на дејност доставено до Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд и
- записник за извршен инспекциски надзор од областа на безбедност и здравје при работа изготвен од страна на Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд.
3.2. За складирање и трговија на големо со алкохол и алкохолни пијалаци
- пријава за исполнување на минимално техничките услови за вршење на трговија и започнување со работа на продажен или друг деловен објект, доставена до Министерството за економија – Државен пазарен инспекторат,
- известување за започнување со вршење на дејност доставено до Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд,
- записник за извршен инспекциски надзор од областа на безбедност и здравје при работа изготвен од страна на Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд и
- решение за регистрирање во Регистарот на објекти и оператори со храна издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство, кое се однесува на алкохол и алкохолни пијалаци.
4. Нафтен кокс
4.1. За производство на нафтен кокс
- известување за започнување со вршење на дејност доставено до Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд и
- записник за извршен инспекциски надзор од областа на безбедност и здравје при работа изготвен од страна на Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд.
4.2. За складирање и трговија на големо со нафтен кокс - пријава за исполнување на минимално техничките услови за вршење на трговија и започнување со работа на продажен или друг деловен објект, доставена до Министерството за економија – Државен пазарен инспекторат,
- известување за започнување со вршење на дејност доставено до Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд и
- записник за извршен инспекциски надзор од областа на безбедност и здравје при работа изготвен од страна на Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд.
• Во барањето за издавање на одобрение за акцизно-повластено користење описот на мерните уреди со кои ќе се утврдува количината на произведените, складираните и употребените акцизни добра согласно меѓународните стандарди не се доставува во случај кога акцизното добро се набавува во стандардни пакувања.
• Потврдата од Царинска управа дека барателот ги исполнил царинските обврски, Царинската управа ја обезбедува по службена должност во постапка на издавање на одобрение за акцизно повластено користење.
• Листата на документи кои се доставуваат кон барањето за издавање на одобрение за акцизно-повластено користење се проширува со следните:
- Копија од Решение за регистрирање во Регистар на објекти и оператори со храна издадена од Агенција за храна и ветеринарство кога етил алкохолот се користи за производство на оцет, за производство на ароми за прехранбени производи и безалкохолни пијалаци со содржина на алкохол од најмногу 1,2% вол или непосредно или користење како составен дел на полуготови производи за производство на прехранбени производи, полнети или во друга форма.
- Копија од Одобрението за производство на лекови издадено од Агенција за лекови кога етил алкохолот се користи за производство на лекови
- Копија од Решение за основање и Решение за дозвола за работа на здравствена установа издадени од страна на Министерството за здравство кога етил алкохолот се користи за медицински цели во болници, амбуланти и аптеки.
• Издавањето на контролните марки се врши по барање на производителот или увозникот.

• Обрасците АК-01 – Барање за издавање акцизна дозвола и АК-02 – Барање за издавање одобрение за акцизно повластено користење се заменуваат со нови обрасци.

Линкови од измената на Правилникот и од новите обрасци за издавање акцизна дозвола и одобрение за акцизно повластено користење:

Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за спроведување на Законот за акцизите

Сл. весник на РМ бр.219/2016

 AK-01

 Барање

Барање за издавање на акцизна дозвола

 АК-02

 Барање

Барање за добивање на одобрение за акцизно повластено користење






Назад 

Креиран од Admin на 28.12.2016
MK | EN | SQ

 
 
 
 


ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦИРАН ЗАСТАПНИК -СЛЕДЕЊЕ ВО ЖИВО

 

ПРИЈАВЕТЕ КОРУПЦИЈА ВО ЦАРИНСКАТА УПРАВА

 

АНКЕТА ЗА КОРУПЦИЈА


 e-Carina
НОВ КОМПЈУТЕРИЗИРАН ТРАНЗИТЕН СИСТЕМ-NCTS
СИСТЕМ ЗА ОБРАБОТКА НА ДЕКЛАРАЦИИ И АКЦИЗНИ ДОКУМЕНТИ-СОЦДАД
ИНТЕГРИРАНА ТАРИФНА ОКОЛИНА (ИТО)

   

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ЕОРИ БРОЈ

 

Е-ТРГОВИЈА

 

ПРОМОТИВЕН СПОТ ЗА КАПАЊАТА ЗА УСНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА СТОКА

АНКЕТА ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

КОЛКУ СТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ЦАРИНСКИТЕ ЗАСТАПНИЦИ?

БЕЗГОТОВИНСКОТО ПЛАЌАЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ДАВАЧКИ

 


 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...

    
 

 


 

 Линкови

 
 

 Сервиси

Supported by




Моментално посетители: 58
Вкупно посетители: 10063644

 
Почетна | За нас | Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
©2004 Царинска Управа на Република Македонија