Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
 Пресметка на давачки/Тарифни квоти
 
Имајќи ги предвид одредбите за увоз на стоки во рамки на квоти од Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европските заедници, Договорот за изменување и пристапување кон Централно-европскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и Договорите за слободна трговија кои Република Македонија ги има склучено со Турција, Украина и ЕФТА државите, увозот во Република Македонија на одредени земјоделски производи со потекло од земјите членки на Европската унија, земјите членки на ЕФТА и Република Турција е либерализиран во рамки на тарифни квоти по принципот „прв дојден, прв корисник“, односно увозот на одредени земјоделски производи во рамки на договорените годишни количини се врши без плаќање или со плаќање на намалени увозни царински давачки.
 
Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за начинот и постапката при распределба на стоките во рамки на тарифни квоти два пати годишно во Службен весник на Република Македонија во квартални количини се објавуваат Листи на стоки на тарифни квоти кои ќе се увезуваат во рамки на квота по принципот на распределба „прв дојден, прв корисник. Неискористените количини на квоти на крајот на секој квартал се пренесуваат во првиот нареден квартал (период од три месеци) како дополнување на утврдената количина на стоки од Листата на строки на тарифни квоти.
 
Согласно обвските од Договорот за пристапување на Република Македонија во Светската трговска организација (СТО), предвиден е безцарински увоз на пченица во рамки на годишно утврдени количини на тарифни квоти. Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за начинот и постапката при распределба на стоките во рамки на тарифни квоти еднаш  годишно во Службен весник на Република Македонија се објавува Листа на стоки на царински квоти по Договорот за пристапување на Република Македонија во СТО.
 
 
Распределбата на количините на тарифните квоти се врши преку Информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при увоз, извоз и транзит на стоки – EXIM  (www.exim.gov.mk).
 
Дневните извештаи за добиени потврди за распределени или делумно одбиени тарифни квоти како и тековната состојба на преостанати количини на тарифни квоти по земји се достапни преку Информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при увоз, извоз и транзит на стоки – EXIM (www.exim.gov.mk).

 Упатства и придружни документи
 
УПАТСТВО ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА ТАРИФНИ КВОТИ
(1410 KB), 17.09.2012,

Прилог 1- Барање за распределување на тарифни квоти
(40 KB), 17.09.2012,

Прилог 2 - Административна такса за електронска форма на барање
(165 KB), 17.09.2012,

Прилог 3 - Административна такса за хартиена форма на барање
(173 KB), 17.09.2012,
MK | EN | SQ
 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2016
повеќе ...
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...
 Сервиси

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 77
Вкупно посетители: 10172059

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а