Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
 За нас / Членство во меѓународни организации
Република Македонија е член на Светска царинска организација (СЦО) (формирана како   Советот за царинска соработка), основана во 1952 година во Брисел, Белгија, од 1 јули 1994 година и активно учествува во нејзината работа. Основна цел на оваа организација, во која денеска членуваат 176 држави од целиот свет, односно нивните царински служби,  е постигнување на највисоко ниво на хармонизација и еднообразност на царинските системи, проучување на проблемите на кои се наидува во развојот и подобрувањето на царинските техники и царинското законодавство.

Преку оваа организација Земјите членки ја унапредуваат својата царинска соработка во интерес на промовирање на меѓународната трговија. Една од основните функции на Советот е давањето на препораки за обезбедување на еднообразност во толкувањето и примената на одредени конвенции склучени под негово покровителство. Под нејзино покровителство се донесени 12 меѓународни конвенции и занчителен број на препораки.  


Република Македонија е член на Регионални разузнавачки канцеларии за врска - Regional Intelligence Liaison Offices (RILO)

Под покровителство на Светската царинска организација воспсотавена е мрежа на канцеларии за размена на царински разузнавачки информации, кои имаат за цел преку нивна размена на регионално и глобално ниво,  да придонесат кон засилувањето и поголемата ефикасност во борбата против царинските измами и повредата на царинското законодавство. Врз регионална поделба воспостваени се 11 канцлераии за: Западна Европа, Источна и Централан Европа, Среден Исток, Азија и Пацифик, Севрна Африка, Западна Африка, Источна и Јужна Африка, Јужна Америка, Кариби, Централна Америка и Заедница на независните држави (Русија и 9 републики на поранешниот СССР). Република Македонија припаѓа на регионот на Источна и Централна Европа, со централна канцлеарија во Варшава, Полска.

Размената на податоците се врши преку специјално подготвен инфомратички систем -Царинска мрежа на податоци за спречување на криминалот (Customs Enforcement Network –  CEN), преку која, со почитување на највисоки стандарди за безбедност и заштите на податоците, е овозможен пристап до повеќе бази на податоци и директна размена на пораки помеѓу членките. Разменетите информации претставуваат помош во борбата против недозволената трговија и царинските измами. Базите на податоци ги содржат информации за извршените одземања на стоки по однос на повредата на царинското законодавство.

Република Македонија е член на Регионалниот СЕКИ Центар за борба против прекуграничниот криминал од неговото формирање во 1999 година, односно од 2000 година со неговото официјално започнување со работа. Во работата на Центарот учествуваат 13 држави членки: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Молдова, Македонија, Романија (седиштето на центарот е во Букурешт), Србија, Словенија, Турција и Црна Гора. Во неговата работа учествуваат 15 држави како набљудувачи, како и повеќе меѓунардони организации и институции.

Основна цел на Центарот е преку заедничка соработка, со непосредна и директна размена на податоци, иформации и документи, од оперативна природа, помеѓи царинските и полициските служби, да се даде подршка и подобри борбата против сите видови на прекуграничен криминал.

По страпувањето на сила на  Конвенцијата за формирање на Центар за спроведвуање на законите во Југоисточна Европа (South European Law Enforcement Center – SELEC), потпишана на 9 декември 2009 година, СЕКИ Центарот ќе се реорганизира, осовремени и премиенува во SELEC.    

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 43
Вкупно посетители: 10172020

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а