Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
 Регионален тренинг центар на Светската царинска организација
МИСИЈА
 
Обука на вработени за потребите на Царинската управа и бизнис заедницата, потребна за регионалната интеграција ЦЕФТА 2006, преку воспоставување на професионални програми за трајна обука со целосна имплементација на професионалните стандарди, препорачани од страна на Светската царинска организација.
 
ВИЗИЈА
 
Унапредување на тренинг центарот за постојана професионална обука на царински службеници и претставници на деловната заедница за истиот да прерасне во водечка институција за обуки на теми поврзани со трговски правила и олеснување на трговијата во рамки на мултилатералниот трговски систем, кој целосно ќе се базира на професионалните стандарди на Светската царинска организација за Република Македонија и регионот на ЦЕФТА 2006.
 
КАПАЦИТЕТИ НА РТЦ
 
РТЦ се наоѓа на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Факултетот располага со 4 амфитеатри од кои најмалиот е со капацитет од 80 слушатели, додека најголемиот – за 200 слушатели. Има четири комплутерски лаборатории, од кои најмалата има 35 компјутери, а најголемата 75. Факултетот располага и со фонолабораторија и 7 предавални. Сите амфитеатри, компјутерски лаборатории и предавални се опремени со ЛЦД проектори и имаат интернет врска. Факултетот исто така има безжичен интернет во целиот објект. Располага и со две факултетски библиотеки, специјализирана библиотека на Светската Банка и Центар за европски податоци и информации. Покрај тоа, факултетот располага и со читална со околу 200 седишта и интернет кафе за студенти. Просторот специјално наменет за РТЦ, во моментов се реновира и истиот треба да биде целосно опремен во 2011 година.
.
     
   
КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ НА СЦО ЗА РЕГИОН ЕВРОПА 
ццццццццццццц
КОНТАКТИ
 
Проф. д-р Ирена Кикеркова
Редовен професор по меѓународна економија и меѓународна трговија
Раководител на РТЦ на СЦО во Република Македонија
 
Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје,
Економски Факултет-Скопје,
Бул. “Крсте Мисирков” бб, 1000 Скопје
Република Македонија
Тел: 2 3 286 860
Факс: 2 3 117 801
  
Жаклина Андреска
Началник на одделение за обуки
Координатор на РТЦ на СЦО во Република Македонија
Царинска управа на Република Македонија
ул. “Лазар Личеноски” бр. 13, 1000 Скопје
Република Македонија
Тел: 2 3 116 188
Факс:2 3 237 832
.
Маријана Секуловска, (административне координатор)
Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје,
Економски Факултет-Скопје,
Бул. “Крсте Мисирков” бб, 1000 Скопје
Република Македонија
Тел: 2 3 286 835
Факс: 2 3 117 801
 Придружни документи
 
Брошура за обуки на Регионалниот тренинг центар на Светска царинска организација во Скопје
(1712 KB), 30.01.2015,

Програма за обуки на Регионалниот тренинг центар на Светската царинска организација во Скопје
(297 KB), 30.01.2015,

СТРАТЕГИЈА ЗА РЕГИОНАЛНИОТ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР 2013 - 2015
(3127 KB), 22.03.2013,
MK | EN | SQ
 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2016
повеќе ...
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...
 Сервиси

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 106
Вкупно посетители: 10176741

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а