Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
 Царинска лабораторија

 
Историја
 
Со осамостојувањето на Царинската управа на Република Македонија во 1991 година, Царинската лабораторија беше формирана како дел од Одделението за царинска тарифа, лабораторија, вредност и потекло. Од 1991 до 2008 година царинската лабораторија беше опрмена главно со стари инструменти погодни само за основни анализи и брзи тестови за идентификација, така што пробите примени за анализа се анализираа во други државни и приватни лаборатории.
 
Во 2008 година, Европската комисија во рамките на CARDS програмата донираше нова опрема за царинската лабораторија. Истата година, Царинската управа склучи договор за деловно техничка соработка со Природно-математичкиот факултет, Институт за хемија со цел релокација на царинската лабораторија во просториите на Институтот за хемија, користeње на нивната инфраструктура, споделување на опремата како и помош и обука од страна на експертите што работат на Институтот за хемија.
 
Во наредниот период лабораторијата постојано се надградува со нова опрема од областа на спектрометријата, хроматографијата и други техники на испитување.
 
Организациска поставеност
 
Во поглед на организационата структура, во моментов царинската лабораторија е дел од Секторот за царински систем, како  посебно Одделение за царинска лабораторија.
 
Главно, анализите ги вршат вработените во царинската лабораторија, царински службеници –аналитичари, кои покрај спроведување на анализите, се одговорни и за функционирањето и одржувањето на опремата во лабораторијата.
 
Царинскaта лабораторија на Република Македонија ја подржува севкупната стратегија на Царинската служба преку идентификација на природата и распоредување на стоките, предмет на увоз, извоз или транзит.
 
Улога
Главна задача на царинската лабораторија е спроведување на анализи за идентификација на мостри земени од страна на царинските службеници и издавање на мислење за тарифна класификација за анализираните мостри, во согласност со Хармонизираниот систем и Комбинираната номенклатура.
 
Со развојот на Царинската лабораторија сé повеќе се менува и нејзината основна функција. Имено, од првичното вршење на анализи со цел правилно утврдување и наплата на царината и другите увозни давачки, сé поактуелна е заштита на животната средина, здравјето и безбедноста на граѓаните преку откривање на стоки чиј увоз е ограничен или забранет.
.
Лабораториски простор и опрема
.
Царинската лабораторија располага со две инструментални лаборатории и една припремна лабораторија.
 
Инструменти и помошна опрема
. 
—   Хроматографски инструменти : GC/FID, GC/MS, HPLC
—   Спектроскопски инструменти : WDXRF, ICP, FT-IR, UV-VIS
—   Други инструменти: Soxlet- за екстракција, Soxterm за хидролиза, Kjeldahl- за одредување на азот и протеини, инструмент за дестилација, инструмент за густина, микроскоп, рефрактометар, тензиометар итн.  
    

 1. HPLC-Течна хроматографија 

 2. GC/MS- гасна со масена хроматографија

3 . WDXRF флуоресцентен спектрометар


4. Kjeldahl- за одредување на азот и протеини

5. Soxterm - за  хидролиза 

6. Soxlet - за екстракција

 
  
Типови на анализи што се вршат во царинската лабораторија
 
—         Масла за подмачкување (глава 27 vs. глава 34) :
—   дестилација, густина, FTIR метода
 —         Нафтени деривати - горива :
—   Содржина на сулфур
—   FTIR метода
—   Одредување на Solvent Yellow 124 во гасни масла 
 —         Млечни производи :
—  Одредување на вкупни масти, млечни масти, идентификација на замени за млечните масти и масла, киселински број, SMK, јоден број  
 —         Други мостри:
—   Содржина на шеќер во производи од шеќер
—   Содржина на шеќер во какао и какао производи
—   Идентификација пластични маси
—   Хлориди во форма на натриум хлорид кај производи од овошје и зеленчук
—   Јодати во сол за човечка исхрана
—   ПАМ-површински напон
—   Текстилни материјали – идентификација
Аналитички методи кои се употребуваат во царинската лабораторија
 
-      Eнзимско определување на скроб и продукти на негова деградација, во прехранбени производи,
-     Дестилација на нафтени производи на атмосферски притисок,
-     Определување на:
-    Еуромаркер (Solvent Yellow 124) во гасни масла и керозин, Определување на киселинската вредност и содржината на слободни масни киселини,
-    сулфур во нафтени производи со помош на флуоресцентна спектрометрија со Х-зраци,  
-     содржина на протеини,
-   теобромин во производи што содржат какао со високо ефикасна течна хроматографија,
-   јоден број,
-   колориметриска пепел во шеќер,
-   хлориди во зеленчук,
-   испарливи киселини,
-   површински напон на течност,
-   содржина на алкохол во пиво,
-   содржина на хлориди во замрзнати и солени пилешки гради,
-   содржина на шеќери во прехранбени производи,
-   содржина на метали,
-   содржина на млечни маснотии,
-   содржина на фосфор во детергенти,
-   концентрација на боја и маркер на УВ ВИС спектрофотометар,
-   содржина на јодати во сол и
 -         Одредување на проценти на злато во легури на злато (накит) со метод на абразивна плоча со каратни игли.
 

  Прилог бр.1 - Налепница за земена мостра (111 KB)
  Прилог бр.2 - Спецификација на мостри (126 KB)
  Прилог бр.3 - Одобрение за уништување (110 KB)

MK | EN | SQ
 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2016
повеќе ...
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...
 Сервиси

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 39
Вкупно посетители: 10172010

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а