Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
  Интерактивна мапа на царинарници Отворена линија 

Испратете прашања,
жалби, сугестии

 
Пребарување низ царинска 
тарифа-ТАРИМ
  Состојба на граници и царински испостави   Најчесто поставувани прашања
 За нас
Царинската управа е орган на државната управа во состав на Министерството за финансии со својство на правно лице. До 1991 година царинската служба делуваше во рамките на поранешна СФРЈ, а со осамостувањето на Република Македонија се формираше и Царинската управа на Република Македонија. На 14 април 1992 година Собранието нa Рeпублика Македонија го усвои Царинскиот закон со кој е основана Царинската управа на Република Македонија која од тој момент го стекна суверенитетот и контролата на целото царинско подрачје на Република Македонија и токму овој ден се прославува како Ден на царината.
Царинската управа своите надлежности ги спроведува на целата територија на РМ, а нејзиното седиште е во Скопје. Царинската управа работите од својот делокруг ги извршува преку Централната управа и Царинарниците. Централната управа координира и раководи со царинските надлежности на целата територија на Република Македонија, а Царинарниците координираат и раководат со соодветен реон и истите се основаат кога тоа го бара обемот и структурата на стоковиот и патничкиот промет со странство. Царинарниците преку своите организациони единици, царинските испостави спроведуваат царински постапки во патнички и стоков промет како и мерки на царински надзор, царинење на стока, спречување на нелегален увоз, царинско управни и царинско прекршочни постапки, продажба на царинска стока и принудна наплата на царински давачки.

Царинската управа обезбедува правилна и еднобразна примена на прописите од својот делокруг на работењето.
.
 
Царинската управа работите од својата надлежност ги врши согласно Законот за царинска управа, Царинскиот закон, Законот за царинска тарифа, Законот за царински мерки за заштита н аправата од интелектуална сопственост и други закони со кои се уредува увозот, извозот и  транзитот на стока, како и за извршување на други дејности коишто со други закони и се утврдени во надлежност.

Основни надлежности на Царинската управа се царински надзор, царинска контрола, царинење на стока, спроведување царинска контрола, истражни и разузнавачки мерки со цел спречување, откривање и истражување на царински прекршоци и кривични дела, поведување постапка по царински и други прекршоци, како и кривични дела утврдени со закон , наплата на мандатни казни, вршење пресметка и наплата или враќање на извозни и увозни давачки и вршење на други надлежности пропишани со овој и со друг закон.

Царинската управа соработува со царинските управи на другите земји на полето на царинското работење во откривање и спречување на царински прекршоци и кривични дела од областа на царинското работење, обуки на царинските службеници, унапредување на техничкиот развој и друго, во согласност со ратификувани меѓународни договори.

  

 Членство во меѓународни организации

Република Македонија е членка на Светска царинска организација (СЦО) (формирана како   Советот за царинска соработка), основана во 1952 година во Брисел, Белгија, од 1 јули 1994 година и активно учествува во нејзината работа. Основна цел на оваа организација, во која денеска членуваат 176 држави од целиот свет, односно нивните царински служби,  е постигнување на највисоко ниво на хармонизација и еднообразност на царинските системи, проучување на проблемите на кои се наидува во развојот и подобрувањето на царинските техники и царинското законодавство.

Преку оваа организација Земјите членки ја унапредуваат својата царинска соработка во интерес на промовирање на меѓународната трговија. Една од основните функции на Советот е давањето на препораки за обезбедување на еднообразност во толкувањето и примената на одредени конвенции склучени под негово покровителство. Под нејзино покровителство се донесени 12 меѓународни конвенции и занчителен број на препораки.  


Република Македонија е членка на Регионални разузнавачки канцеларии за врска - Regional Intelligence Liaison Offices (RILO)

Под покровителство на Светската царинска организација воспсотавена е мрежа на канцеларии за размена на царински разузнавачки информации, кои имаат за цел преку нивна размена на регионално и глобално ниво,  да придонесат кон засилувањето и поголемата ефикасност во борбата против царинските измами и повредата на царинското законодавство. Врз регионална поделба воспостваени се 11 канцлераии за: Западна Европа, Источна и Централан Европа, Среден Исток, Азија и Пацифик, Севрна Африка, Западна Африка, Источна и Јужна Африка, Јужна Америка, Кариби, Централна Америка и Заедница на независните држави (Русија и 9 републики на поранешниот СССР). Република Македонија припаѓа на регионот на Источна и Централна Европа, со централна канцлеарија во Варшава, Полска.

Размената на податоците се врши преку специјално подготвен инфомратички систем -Царинска мрежа на податоци за спречување на криминалот (Customs Enforcement Network –  CEN), преку која, со почитување на највисоки стандарди за безбедност и заштите на податоците, е овозможен пристап до повеќе бази на податоци и директна размена на пораки помеѓу членките. Разменетите информации претставуваат помош во борбата против недозволената трговија и царинските измами. Базите на податоци ги содржат информации за извршените одземања на стоки по однос на повредата на царинското законодавство.

Република Македонија е член на Регионалниот СЕКИ Центар за борба против прекуграничниот криминал од неговото формирање во 1999 година, односно од 2000 година со неговото официјално започнување со работа. Во работата на Центарот учествуваат 13 држави членки: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Молдова, Македонија, Романија (седиштето на центарот е во Букурешт), Србија, Словенија, Турција и Црна Гора. Во неговата работа учествуваат 15 држави како набљудувачи, како и повеќе меѓунардони организации и институции.

Основна цел на Центарот е преку заедничка соработка, со непосредна и директна размена на податоци, иформации и документи, од оперативна природа, помеѓи царинските и полициските служби, да се даде подршка и подобри борбата против сите видови на прекуграничен криминал.

По страпувањето на сила на  Конвенцијата за формирање на Центар за спроведвуање на законите во Југоисточна Европа (South European Law Enforcement Center – SELEC), потпишана на 9 декември 2009 година, СЕКИ Центарот ќе се реорганизира, осовремени и премиенува во SELEC.    

MK | EN | SQ
 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...
 Сервиси

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 173
Вкупно посетители: 9772597

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а